Мрежата за рурален развој на Република Македонија во соработка со својот партнер Хуманополис (член на групацијата ЕРА Скопски саем) во рамките на Агрофуд, во Скопје на 10 Ноември , организираше трибина на тема : LEADER – “Oд локална иницијатива до водечки концепт во руралните средини”. На трибината присуствуваа повеќе од 80 учесници, и тоа претставници на членките на МРР на РМ и други заинтересирани организации и нивни претставници.
Целта на трибината беше да се презентираат и да се споделат искуствата од земји членки на Европската Унија за LEADER пристапот како дел од Европската политика за рурален развој.
На трибината со свои презентации учествуваа експерти и претставници на граѓанските движења за рурален развој од земји членки на Европската Унија (Шведска, Унгарија и Словенија) кои директно учествуваа во подготовката и спроведувањето на LEADER пристапот.
- г-дин Томаж Цундер – Земјоделски Институт Љубљана, Словенија Presentation
- г-дин Стиг Хансон – Шведска рурална мрежа “Цела Шведска ќе живее”, Шведска Presentation
- г-ѓа Марта Марциш – Унгарска рурална мрежа “Унгарски рурален парламент”, Унгарија Presentation
- г-дин Марјан Кардинар, градоначалник на општина Доброво, Република Словенија
Исто така подготовките и активностите за LEADER како идна мерка во рамките на ИПАРД беа презентирани од претставник на Телото за Управување при Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на РМ.
- г-дин Александар Митревски, Тело за управување, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија Presentation
LEADER трибина – “Oд локална иницијатива до водечки концепт во руралните средини” (Галерија)