На 11 и 12ти Декември 2018 во Штип и Струмица како активност на проектот „Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во Еу“ се одржаа средби за кариерно советување за млади. На работилниците присуствува повеќе од  130 млади од источниот и југисточниот плански регион, како членови  на невладини организации така и ученици од средни училишта, локални јавни институции и други. Експерт од мрежата за рурален развој на Хрватска и претседателот на српската мрежа за рурален развој презентираа примери за вработување, вмрежување и информирање на руралното население преку проекти за рурален туризам и производство на храна каде се спојуваат можностите на луѓето од соседни села за зголемување на понудата и конкурентноста.  Исто така беа презентирани предностите за апликанти до 40 години возраст за мерките во националната програма за рурален развој и ИПАРД програмата. Во вториот дел претставници на Националниот совет на млади во Македонија (НМСМ) ја презентираа државната програма за младинска гаранција, како и практични примери од спроведувањето. а

Истакнатите деловни лица од Штип Г-ѓа Валентина Крмова од „Контеса Крмови ДООЕЛ“, Г-ѓа Роска Гркова Стојанова, Спец. Физиотерапевт „Д.О.О. Физио-М“, и од Радовиш Г-дин Крсте Георгиев „Бест Фуд“ и Љупчо Ефтимов „Ефтимов Дооел“ преку мотивациски говори ја раскажаа нивната успешна бизнис приказна, проблемите што ги имаат со младите кадри и со погрешниот став на младите дека не можат да изградат кариера во Македонија. Тие ја истакнаа важноста на практикување на младите луѓе со цел да ги одредат нивните афинитети и продолжат со животот и кариерата во правилна насока.

Професори од средните училишта од регионот за време на настанот остварија соработка со присутните фирми за волонтирање и практична настава на учениците. Претставник од агенцијата за вработување на република Македонија ги презентира сите програми со поволности за млади невработени луѓе што постојат во Македонија и позитивни спроведени примери од истите.