Организирањето е процес на градење на моќ како група и користејќи ја оваа моќ создаваме позитивни промени во нашите животи. Поттикнувањето на младите луѓе да се вклучат мирно во развојот на општеството може да допринесе само кон подобро утре, и може да допринесе за поголема свест и одговорност од самите млади луѓе. Во рамките на проектот беше изготвен прирачник кој ќе послужи како алатка за младински активизам. Младите луѓе мора да имаат можност да водат промени во нивните заедници. Со овој прирачник ќе им се понудат начини и алатки како да ја остварат таа промена полесно.

Прирачник за младински активисти финален.pdf