На 16 и 23 Април, 2019 година во општинските сали на Штип и Струмица се оддржаа работилници за промоција на регионалната платформа за младински прашања односно на Декларацијата за вмрежување и соработка која беше потпишана од 13 невладини организации со цел да се следат, идентификуваат и преточуваат потребите на младите од источна и југоисточна Македонија во координирани акции со што би се подобрила соработката на невладините организации со општините и другите локални чинители. Платформата е отворена за сите НВО, а претстои процес на дефинирање на најповолна форма за заедничко делување.

На настаните за промоција на регионалната платформата активно учествуваа невладините организации кои беа добитници на донациите за иницирање на акции за младински активизам, кои ги претставија своите организации како и кратките видео прилози поврзани со спроведување на иницијативите за младински активизам и тоа:

-Компостирање на биоотпад во СОУ Коста Сусинов во Радовиш спроведено од ЦЕЛОР – Радовиш;
-Подигнување на пластеници за градинарско производство спроведено од Хорти Еко – Струмица;
-Озеленување на јавен простор преку засадување на дрвја во Струмица спроведено од Меџик & Лоџик Маркетинг – Струмица;
-Организација на младински турнир во футсал и пинг понг во Виница спроведено од Извидничкиот Одред Армонија – Виница;

Во текот на спроведување на проектот, во голем број на активности од страна на младите учесници беа идентификувани голем број на предлози поврзани со подобрување на животот на младите од руралните средини. Преку соодветна презентација предлозите им беа претставени на учесниците, по што се отвори дискусија за дополнителни потреби и препораки до институциите на власта и невладините организации. Исто така, на настанот беше презентиран и националниот рурален парламент како уште една опција за вмрежување и подигање на гласот на жителите, вклучително и младите од руралните краеви и нивно влијание на политиките за развој.