Мрежата за рурален развој во Н. Македонија го објавува завршувањето на процесот на евалуација и доделување грантови за програмата за под-грантови за зелено претприемништво на проектот финансиран од ЕУ „Вмрежување и застапување за зелена економија“ (НАГЕ).

Повикот за поддршка на граѓански организации во спроведувањето на мали иницијативите за зелено претприемништво беше дел од проектот финансиран од Европската унија „НАГЕ – Вмрежување и застапување за зелена економија“ спроведен од 7 партнерски организации од Балканот: Мрежа за рурален развој на Н. Македонија ( Водечки партнер), Хрватска мрежа за рурален развој, Мрежа за рурален развој во Босна и Херцеговина, Мрежа на организации за рурален развој на Косово, Мрежа за рурален развој на Црна Гора, Мрежа за рурален развој на Србија и Албанска мрежа за рурален развој.

Седумнаесет локални граѓански организации одговорија на Повикот за предлози и ги доставија своите апликации до наведениот рок. Тие презентираа интересни предлог-проекти за теми поврзани со одржливиот развој, заштитата на животната средина и климатските промени, земјоделскиот и руралниот развој, социо-економскиот развој, образованието, политиките и социјалните услуги, работата и политиките за млади, економското зајакнување на жените, волонтирање и др.

На крајот на процесот на квалитативна евалуација, на 6 локални организации им беа доделени мали грантови за спроведување на нивните иницијативи насочени кон започнување и пилотирање на интервенции за зелено претприемништво. Финансиската поддршка ќе придонесе за зајакнување на локалните гражански организации преку градење на капацитети и спроведување на нивните иницијативи и подигање на свеста за важноста на зелената економија и зеленото претприемништво.

 

Список на највисоко рангирани проекти, организации кои ги спроведуваат проектите,  предвидено финансирање и времетраење на проектот.

 

Име на организацијата Назив на проектот Буџет во евра Времетраење на проектот
Благој А. Котларовски, Ресен Органскиот отпад не е ѓубре 3.479 4 месеци
Еко Тим Исток, Кочани Селектирај пластичен земјоделски отпад 3.470 5 месеци
 

Дану Филантропија, Скопје

Точаче 3.450 6 месеци
Слоу Фуд, Битола Практична имплементација на легислативите во објектите за традиционално производство ПИЛОТ-П 3.489 4 месеци
Едукативен центар за зачувување на природата, Негрево, Пехчево Зелен пакет за заштита на биодиверзитет 3.484 5 месеци
Регионален центар за застапување, Делчево Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија 3.500 6 месеци