Мрежата за рурален развој на Северна Македонија (МРР на СМ) има потреба од Локален асистент на Координаторот на работилница за производство на храна (Food Hub) за регионот на ЛАГ Малеш Пијанец- Пехчево. Описот на работните задачи и потребни квалификации за горенаведената позиција може да ги најдете во прилог на огласот.

Заинтересираните кандидати треба да го испратат своето CV на  aleksandar.p@ruralnet.mk и на vesela.ld@ruralnet.mk (задолжително на двете е-mail адреси), или во печатена верзија на ул Коста Веселинов, најдоцна до 26.11.2020 година.

Локален асистент на координатор на работилница за производство на храна (Food hub) за регионот за ЛАГ- Малеш Пијанец- Пехчево

Опис на работни задачи:

  • Да го координира на терен  формирањето на работлницата за производство на храна (Food hub), преземајќи ги сите активности поврзани неа ( во регионот на работа на ЛАГ – Малеш Пијанец) ;
  • Локално координирање на работата на работилницата за производство на храна во Пехчево (Food hub);
  • Врши теренска координација при формирањето на работилницата за производство на храна (Food Hub)
  • Одржува ефективни комуникациски односи со заинтересираните страни за формирање на работилницата за производство на храна (Food Hub), целните групи и партнери;
  • Изработува обрасци и документи релевантни за имплементација на активноста;
  • Подготвува извештаи за реализираните активности;
  • Спроведува анкети околу потребите за правилно поставување на работилницата;

 Потребни квалификации:

  • Високо образование;
  • Основно познавање на работата во невладиниот сектор;
  • Основно искуство во менаџирање, координирање и имплементација на проекти;
  • Искуство во користење на бази на податоци, Интернет и компјутери;
  • Основно познавање на Англиски јазик (говорен и пишан);
  • Комуникациски вештини;
  • Способност за спроведување повеќе задачи истовремено;
  • Организираност и навременост при извршување на работни задачи;