Проектот „Вмрежување и застапување за зелена економија“ (Networking and advocacy for green economy) објавува Повик за новинарски натпревар за новинари и медиуми за истражување и промовирање на најдобри зелени економии или еколошки безбедни рурални деловни практики.

Новинарскиот продукт треба да се фокусира на концептот на зелена економија, односно да промовира успешен пример на зелени деловни практики. Проектот ги мотивира новинарите или медиумите да конкурираат со нови, досега необјавени, истражувачки стории од областа на зелената економија само во пишана форма и поткрепени со релевантни фотографии/илустрации.

На овој повик нема да бидат прифатени и не треба да се изработуваат аудио и видео стории.

Авторот/медиумот на новинарскиот продукт се обврзува наградениот новинарски продукт да го објави во одреден медиум. Авторот, исто така, ќе дозволи Проектот да направи пост промоција во други медиуми на наградениот текст.

Натпреварот ќе стартува на 03.12.2020 година (вторник) и продуктите треба да се достават најдоцна до 03.12.2020 година (четврток) до 16 часот.

По доставување на новинарските продукти, комисија, составена од двајца новинари и експерт за зелена економија, ќе ги оценуваат и ќе ја изберат најдобрата сторија која ќе добие парична награда во бруто износ од 1.500 (илјада и петстотини) евра во денарска противвредност, кои ќе бидат исплатени по објавата на наградената сторија во пишан медиум.

Од технички аспект, авторот на новинарскиот продукт треба да внимава на следниве елементи:

– големина на букви: 12
– фонт: Times New Roman / македонска поддршка
– должина на текст: до 100 компјутерски редови

Комисијата ќе ги оценува пристигнатите стории според следниве критериуми:

– Методологија на истражување (да се образложи истражувачкиот концепт, односно да се објасни темата, извори од кои се прибираат податоци, новинарски алатки што користени при работата)
– Стил на новинарско пишување
– Релевантноста на темата
– Придржување до новинарските и етичките стандарди (присуство на факти, точност и веродостојност на наводи)

Апликацијата за успешна сторија за зелена економија, заедно со изработената новинарска сторија, ќе треба да бидат проследени во електронска форма на следнава адреса: info@ruralnet.mk најдоцна до наведениот датум, 03.12.2020 година до 16 часот. Сите продукти кои ќе пристигнат по наведените термини за достава, нема да бидат предмет на оценување и ќе бидат дисквалификувани.

За проектот:
Проектот „Вмрежување и застапување за зелена економија“ трае три години (започна во април 2018 година) и го спроведуваат 7 партнерски организации од Балканот од кои една е од земја на ЕУ: Мрежа за рурален развој на РМ, Мрежа за рурален развој во БиХ, Мрежа на организации за рурален развој на Косово, Мрежа за рурален развој на Црна Гора, Мрежа за рурален развој на Србија,  Албанската мрежа за рурален развој и Хрватската Мрежа за рурален развој.

Општата цел на проектот е да обезбеди поддршка за подобрување на политиките и влијанието на  Балканската мрежа за рурален развој (БМРР) и нејзините членови во процесот на носење одлуки преку вклучување во процесите на реформи на земјоделските и руралните програми  со цел воведување на концептот на зелена економија.

Проектот има три специфични цели:

  • Зајакнување на капацитетите на малите, локални граѓански организации  во однос на општите принципи на работа, застапување и вмрежување, за да можат да ја остварат својата улога на застапници за земјоделски и рурални реформи, на транспарентен и отчетен начин;
  • Воведување на концептот на зелена економија како единствен меѓусекторски претприемачки модел за рурална диверзификација и одржливост;
  • БМРР и нејзините членови го користат пристапот за развој на политиките засновани на докази и застапување засновано на правата за да ги поттикнат националните процеси на приближување кон заедничката европска земјоделска политика (EU CAP) и промовирање на зелената економија.

Донатор: Европска Комисија преку Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017 Вкупниот буџет на проектот изнесува 1,071,269.13 евра, од кои 964,069.13 (89.99%) се финансии од Европска Унија.

АПЛИКАЦИЈА ЗА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА ЗА ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА 2.doc