Проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население“,финансиран од Европската Унија, во текот на август и септември, спроведе теренско истражување во 8-те плански региони во Република Македонија, со цел да се идентификуваат активните граѓански организации коишто работат во полето на руралниот развој. Како резултат од оваа активност беше креиран Регистар на активни рурални граѓански организации, со кој ќе се овозможи полесна мобилизација на граѓанските организации во решавањето на одредени прашања/теми за кои ќе се дискутира во општеството и ќе се зајакне меѓусебната комуникација и размена на информации. Регистарот ќе им служи на националните институции за полесно да ги мапираат, да ги контактираат или да
ангажираат релевантни граѓански организации во процесите на донесување одлуки или кампањите за подигнување на свеста. Регистарот е достапен на следниот линк: http://ruralnet.mk/…/REGISTAR-NA-AKTIVNI-GRAGJANSKI-ORGANIZ…

Регистарот, како отворен извор на информации достапни за сите, тековно ќе биде ажуриран и надоградуван со податоци за нови граѓански организации кои активно работат во полето на руралниот развој. Затоа, доколку сте граѓанска организација која работи во полето на рурален развој, а која не е заведена во овој регистар, партнерите на проектот Ве охрабруваат да го пополните прашалникот http://ruralnet.mk/…/Form-for-registration-of-CSOs_template… и да го доставите на zg.akrra@yahoo.com со што ќе придонесете да се подобри и зголеми базата на податоци.

Главна цел на децентрализацијата е да го вклучи народот во процесот на донесување одлуки. Тоа ќе им овозможи на граѓаните активна партиципативност во изнаоѓањето решенија за секојдневните проблеми во нивните градови и села. Локалните и националните институции во земјата се обидоа да ги вклучат засегнатите страни во процесот на подготовка на стратегии за земјоделство и рурален развој. Главниот фокус беше ставен на информирање и консултации, преку семинари и дебати. И покрај тоа што беа поставени некои основи за понатамошно движење кон поголема партиципативност, голем број на рурални граѓански организации не можат да се поврзат со процесите на креирање политики. Во таа насока, проектот “Национален рурален парламент како глас на руралното население”, работи на застапување, вмрежување и градење на капацитетите, за да им овозможи на повеќе чинители да се поврзат со овие процеси. Проектот ги поддржува руралните граѓански организации да го искажат својот глас и да го зголемат своето присуство во процесите за развој на заедницата. Мобилизирањето на сите релевантни актери кои директно или индиректно влијаат во земјоделскиот и руралниот сектор, е особено важно за формирањето на ефективен и добро координиран одговор на институциите на државата при креирањето на соодветната земјоделска политика, прилагодувањето на законската регулатива и реформите во јавните институции.