Подготовката на кратки документи за политики беше со цел да се зголеми капацитетот на руралните граѓански организации за вмрежување и застапување, со цел да се влијае врз процесите на локално одлучување. Активноста вклучуваше тренинг на избраните граѓански организации во процесот на изготвување на кратките документи за политики и понатамошна поддршка на избраните граѓански организации во процесот.

Целта на процесот на обучување беше да им се овозможи на граѓанските организации да развијат брзи и релевантни информации за локалниот развој на руралните заедници, можностите за финансирање поврзани со руралниот развој и влијанието врз руралните области. Потоа, следеше изготвувањето на кратки документи за политики за конкретните теми кои ќе се користат како материјал за застапување и лобирање кај донесувачите на одлуки на локално и национално ниво, споделување на наодите со општата јавност и подигнување на свеста кај руралното население.

Вкупно, седум документи беа изработени, по еден за секој плански регион, подготвени од страна на граѓанските организации. Следните граѓански организации беа активно вклучени во процесот на подготовка на документите за политики и натамошна подршка: “Амброзија” – Пехчево, “Едукативен центар за заштита на природата” – Негрево, “Организација на жени” – Пехчево, ЛАГ “Абер 2015” – Старо Нагоричане, “Slow Food” – Битола, ЛАГ “Скардус” – Јегуновце, “Екопродукт” – Тетово, “Младински културен центар” – Тетово, “ЦЕЛОР” – Радовиш, “Круна Плус” – Радовиш, “Мрежа на млади фармери” – Мешеишта, “Ортет” – Куратица, “Рурбан Култ” –  Струга, “Матица” – Струга, “Биовита“ – Кавадарци и “Ековита” – Неготино.

Активноста беше спроведена во периодот октомври – декември 2018 година.

Галерија