Мрежата за рурален развој на Република Македонија, како партнер на проектот „АЛТЕР – Активни локални територии за економски развој на руралните области“, во текот на периодот јули – декември 2017г., организираше голем број активности на национално ниво, со цел да се зајакнат капацитетите на организациите од граѓанското општество и нивните мрежи за активно учество во планирањето и спроведувањето политики, како и изградба на партнерство со јавните институции.

Во таа насока, во Пехчево беше организирана тридневна обука за изградба на капацитетите, како и шест еднодневни средби за поддршка на постојната Мрежа за рурален развој и олеснување на изработката на стратешки долгорочни организациски планови и планови за собирање средства. За поголема афирмација на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот и зајакнување на свеста на локалните медиуми, во Струмица на 31 октомври и 1 ноември беше организирана дводневна работилница на која учествуваа 11 медиумски претставници и  претставници од организациите на граѓанското општество. Пристапот ЛЕАДЕР беше промовиран и кај руралните актери преку локални работилници организирани во Гевгелија и Виница. За следната година се планирани две работилници на национално ниво и една локална работилница со цел да се зајакне знаењето на руралните чинители за принципите на пристапот ЛЕАДЕР, ако и да се мотивираат да земат активно учество и поддршка во воспоставувањето на локалните акциски групи.

Овој четиригодишен проект, кој започна во декември 2015 г., го спроведуваат 9 партнери од Балканот и Турција, како и две земји од ЕУ – Мрежа за рурален развој на БиХ, Мрежа на организации за рурален развој на Косово, Мрежа за рурален развој на Република Македонија, Мрежа за рурален развој на Црна Гора, Мрежа за рурален развој на Србија, Институт за демократија и медијација (Албанија), Развојна фондација на Турција, Латвиски рурален форум, Хрватска мрежа за рурален развој.

Галерија