Пријавата за Европскиот младински рурален парламент (ЕМРП) е отворена. Ако сте млада личност од рурално подрачје во Северна Македонија и се грижите за предизвиците на руралниот развој, како и на вашата локална заедница, аплицирајте до 28-ми август за да учествувате на вториот по ред Европски младински рурален парламент (ЕМРП). Собирот ќе се одржи во Астуриас, Шпанија од 4 до 6 ноември 2019 година.

Повеќе од 70 млади професионалци од околу 10 земји ќе се обединат за да ја искажат перспективата на младите во рамките на Европскиот рурален манифест. Подоцна, во Брисел ќе се одржат конструктивни дискусии со претставниците на Европскиот парламент. Европскиот младински рурален парламент е моќна платформа преку која размислувањата на младите во врска со предизвиците на руралниот развој можат да се слушаат на европско ниво.

Трошоците за учество (патување, сместување, оброци и програма) за 6 лица од Северна Македонија, на возраст од 20 до 30 години, ќе бидат покриени од страна на организаторот. Повеќе информации, како и  и формуларот за аплицирање се достапни овде: https://erp2019.eu/eryp2019/

ЕМРП е во организација на Latvian Rural Forum (Latvia), Red Asturiana de Desarrollo Rural (Spain), Centre for Economic and Rural Development (Bosnia and Herzegovina), Croatian Rural Development Network (Croatia), International Movement of Catholic Agricultural and Rural Youth – Europe (pan-European), LAGs in Vysocina Region (Czech Republic), Network of Organizations for Rural Development of Kosovo, Rural Development Network of The Republic of Macedonia (North Macedonia), Slovak Rural Parliament (Slovakia) and Forum Synergies (pan-European).

Проектот „Најдоброто допрва треба да дојде. Младите ја создаваат утрешната рурална реалност од село до поширока Европа “се финансира со поддршка на програмата „Еразмус +: Млади во акција “ на Европската комисија, а е администриран во Латвија од страна на Агенцијата за меѓународни програми за млади. Оваа публикација ги рефлектира само ставовите на авторот и Комисијата не може да биде одговорна за каква било употреба што може да се направи од информациите содржани во нив.