За успешно реализирање на проектните активности, има потреба од Координатор на проект, Описот на работните задачи и потребни квалификации за горенаведената позиција може да ги најдете во прилог на огласот.

Заинтересираните кандидати треба да го испратат своето CV на англиски јазик со назначување на која позиција аплицираат на info@ruralnet.mk,  најдоцна до 30.05.2021 год.

Опис на работни задачи:

  • Координира и имплементира дел од Проектните активности кои се во надлежност и одговорност на МРР на СМ во предвидените рокови, согласно со процедурите и условите за спроведување на проектот.
  • Одржува ефективни комуникациски и работни односи со заинтересираните страни на проектот, целните групи и партнери;
  • Изработува документи и извештаи, релевантни за имплементација на проектот;
  • Изготвува документација и спроведува набавка на услуги и добра.

 Потребни квалификации:

  • Високо образование;
  • Искуство во областа на земјоделство и рурален развој од најмалку 5 години;
  • Познавање на работата во невладиниот сектор;
  • Искуство во координирање и имлементирање на проекти;
  • Искуство во користење на бази на податоци, интернет и компјутери;
  • Одлично познавање на Англиски јазик (говорен и пишан);
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Силни интерперсонални вештини;
  • Способност за спроведување повеќе задачи истовремено;