На 14 октомври 2014 год. во Мултикулти Центар, Кочани, Мрежата за рурален развој на РМ и Федерацијата на фармерите на РМ организираа Конференција на тема „Предизвиците на жената-претприемач во руралната средина“. Настанот имаше цел да го поттикне претприемништвото кај руралната жена, зголемувајќи ја нивната свест за предизвиците и можностите што ги нудат руралните средини.

Васка Мојсовска од с. Тимјаник, неготинско, Весна Петрова од с. Лесново и Ана Пачемска од Берово, ги споделија своите позитивни примери како успешни жени претприемачи од руралните средини.

Во втората половина од настанот, претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја презентираа ИПАРД програмата, по што беше отворена дискусија каде присутните имаа можност да поставуваат прашања и да ги споделат проблемите и потешкотиите со коишто се соочуваат при аплицирањето. Претставниците на МЗШВ изразија отвореност за соработка и ги повикаа заинтересираните да им се обратат за совети и консултации во процесот на подготовка на нивните апликации.

(Галерија)