Мрежата за рурален развој на Република Македонија на 13-14 јуни во Пехчево, одржа дводневна работилница на темата претприемништво кај жените Роми. На работилницата, чија цел беше градење на капацитетите за претприемништво кај жените Роми во општина Пехчево, учествуваа вкупно 30 жени Роми кои живеат во околината на Пехчево.

Работилницата беше организирана во рамки на локалната мерка „Изградба на капацитетите за претприемништво кај Ромите и зголемување на можностите за самовработување“. Оваа локална приоритетна мерка е имплементирана од страна на општина Пехчево како дел од проектот Поддршка за имплементацијата на Стратегијата за Ромите, чија што општа цел е да ги зајакне институционалните капацитети на координативните структури за имплементација на Националната Стратегија за Ромите и Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015, со цел да придонесе кон подобрување на ситуацијата на Ромите во државата.

(Галерија)