Проекти на МРР

Адаптација на земјоделството кон климатските промени

Project Background

The five-year, $1.68 million, Adaptation to Climate Change in Agriculture project, implemented by Rural Development Network, began in April 2012. The project introduced pioneering steps to address climate change adaptation issues in the agricultural sector. The project focused on implementation of measures in the Mediterranean zone, including the Vardar region and parts of Strumica and Sveti Nikole, agriculturally rich areas that are most affected by climate change. The project is organized around two main components:

  • Adaptive agricultural practices related to climate change – including investments for testing and promotion of simple and cost effective field-level adaptive practices targeting small farmers; and
  • Public awareness and civil society capacity strengthening – a comprehensive public awareness and outreach program combined with a capacity strengthening program tailored to the needs of grass-roots civil society institutions.

Within Component I, the project has tested new adaptive measures and techniques for decreasing the negative effects of climate change in 6 project modules: orchards, vineyards, vegetables, soil loss, water saving, and livestock. The project established 28 demonstration plots and farms for testing different adaptive measures such as: installation of UV protective nets to reduce sunburn damage on crops; utilization of various mulching techniques; introduction of cover crops; water-saving irrigation technologies; introduction of drought-tolerant crops; soil conservation practices, and reduction of heat stress in livestock. The weather stations placed by the ACCA project, provide the scientific and farming community with important weather data from the most climate-change affected areas of Macedonia.

The results from the tested adaptive measures were developed in advisory packages which include 11 different brochures, two studies (one on agriculture adaptation to climate change in Macedonia and a study on the effects of climate change on the livestock sector) and five videos on climate change adaptation in orchards, vineyards, vegetables, soil and livestock losses.

The results obtained included:

  • elimination of damage from hail in open-field vegetable and table grape production, and no sunburn damage to leaves and fruits covered with ultra-violet (UV) nets;
  • 55% higher yield in pear orchards due to the use of UV nets, and an increase in the quality of peaches due to new pruning and thinning techniques;
  • 24% increase in milk production due to installing ventilation and fogging systems in the summer when heat depresses milk yield, and a 12% increase in daily milk yield in farms using a new climate change adaptive nutrition regime;
  • 92% reduction of sediment loss with the use of contour soil cultivation techniques compared to traditional downslope soil cultivation;
  • 89% reduction of soil loss in downslope terrains sowed with cover crops; and
  • 50% of water saved with use of ultra-low volume drip irrigation.

Within Component II, more than 2,650 farmers, local government representatives, agriculture extension agents, CSOs, journalists, and university students participated in in-door and on-site workshops, the Climate Change Caravan, and in a quiz-bowl type Climate Change Contest for students from all 10 agricultural secondary schools, increasing the public’s knowledge and awareness of the impact of climate change on the agricultural sector in Macedonia.

Five Local Action Groups (LAGs) (LAG Belasica-Ograzden, LAG Bojmija, LAG Plachkovica, LAG Bregalnica, and LAG Malesh-Pijanec) were established under the principles of the EU LEADER approach. Through capacity strengthening activities, these LAGs, as public-private partnerships, finalized five Local Development Strategies incorporating actions to improve stakeholders’ inclusion in the decision-making process regarding relevant community issues. These initiatives encompass 21 municipalities of the East and Southeast Planning region.

Moreover, ACCA established a formal partnership with the National Extension Agency NEA in order to build the capacity of Macedonia’s agricultural advisors, which will ensure sustainable dissemination of the project’s cutting-edge work.

ACCA also implemented a number of activities that included direct technical assistance to the Ministry of Agriculture, Forestry and Water Economy (MAFWE), civil society capacity building and LEADER activities in conjunction with the Regional Development Centers (RDC) in southeastern and eastern Macedonia. The project supported capacity building of the stakeholders from 21 municipalities from the Eastern and the Southeastern Planning Region, including the LEADER approach, which led to the development of five Local Action Group initiatives.

Округла маса: “Влијанието на климатските промени врз пчеларството”

On December 6th, 2016 the USAID Adaptation to Climate Change in Agriculture project implemented by the Rural Development Network of the Republic of Macedonia, organized the Round table: “Impact of the climate change on the beekeeping sector”. The event was initiated by the Union of beekeepers` associations of the Republic of Macedonia.

Прочитај повеќе...

Информирање на јавноста за болеста „Јазлеста кожа“ кај говедата

Заради појавата на болеста „Јазлеста кожа“ кај говедата, Мрежата за рурален развој на РМ, во рамки на проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени, започна со организирање на работилници за едуцирање на сите засегнати страни во врска со оваа болест која е директен резултат на климатските промени. Земајќи во предвид дека најголемиот број на заболени животни се регистрирани во источна и југоисточна Македонија, МРР на РМ, на 3 јуни, ја организираше првата работилница од овој тип во Струмица, на која присуствуваа повеќе од 60 сточари и советници на АПРЗ (Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството) од регионот на Струмица, Ново Село, Василево, Босилово, Конче, Радовиш и Берово. Професорот Методија Трајчев, од Факултетот за земјоделски науки и храна, ги објасни карактеристиките на болеста „Јазлеста кожа“, начините на кои животните би можеле да заболат, како и мерките коишто треба да се преземат за да се заштитат животните во фармите. Бројни прашања беа упатени до присутниот инспектор, Ристо Ичков, од Агенцијата за храна и ветеринарство, кој од аспект на државните институции информираше какви превентивни мерки се преземаат и каде можат да се обратат сточарите за вакцинација на животните.

Прочитај повеќе...

Запознавање со карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот

По првичните промоции на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Дојран и Штип, Мрежата за рурален развој започна да организира работилници за подетално запознавање со ЛЕАДЕР методологијата и нејзините седум карактеристики:

Прочитај повеќе...

Одржана работилница за градење на капацитетите за ЛЕАДЕР пристапот

На 27 април, во Делчево, Мрежата за рурален развој во Република Македонија ја организираше третата работилница во рамки на процесот на запознавање на чинителите со ЛЕАДЕР пристапот и градење на нивните капацитети за оваа идна ИПАРД мерка во Република Македонија. Околу 20 учесници имаа можност да стекнат вештини за изработка на општински SWOT анализи, како и SWOT на микро-регионот.

Прочитај повеќе...

МРР продолжува со спроведувањето активности согласно со ЛЕАДЕР пристапот

Во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Мрежата за рурален развој на Република Македонија реализираше низа на активности поврзани со промоција на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во 4 општини од југоисточниот плански регион и тоа: Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Целта на спроведените активности беше развој на капацитетите на сите чинители во овие рурални средини со што ќе се подобри нивното знаење и способности за партиципативно планирање во процесите на носење на одлуки од важност за заедницата.

Прочитај повеќе...

Претставување на LEADER – принципите во Источниот плански регион

Во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Мрежата за рурален развој на Република Македонија продолжува со спроведување на ЛЕАДЕР пристапот во Источниот плански регион преку јакнење на капацитетите на сите чинители од четирите општини: Берово, Пехчево и Македонска Каменица. Во таа насока, беше организирана работилница на 19 март, 2015 год. во Берово, на која беа презентирани ЛЕАДЕР – принципите на трипартитно јавно-приватно партнерство, пристапот „од долу нагоре“ и пристапот „Развој заснован на област“. На работилницата присуствуваа 30 претставници на јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор од регионот.

Прочитај повеќе...
Презентација на наодите од Студијата за адаптација на анималното производство во Република Македонија спрема климатските промени во Гостивар

Презентација на наодите од Студијата за адаптација на анималното производство во Република Македонија спрема климатските промени во Гостивар

На 23 декември, во Гостивар, Мрежата за рурален развој на Република Македонија одржа работилница со цел промоција на Студијата за адаптација на анималното производство во Република Македонија спрема климатските промени. Во Македонија голем број на фармери зависат целосно или делумно од сточарството, коешто може да биде особено ранливо на климатските промени, посебно на зголемените температури. Ова претставува нов предизвик за сточарите и за експертите, бидејќи постои многу малку искуство и познавање за тоа како да се справат со влијанијата поврзани со климатските промени. Затоа проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, ангажираше тим од експерти од Факултетот за земјоделски науки и храна, Земјоделскиот институт и Агенцијата за храна и ветеринарство, кои создавајќи ја оваа прва од ваков тип студија во Македонија, дадоа еден систематизиран пристап за идните адаптивни иницијативи во сточарскиот сектор.

Прочитај повеќе...

Презентација на резултатите од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени

Денес, 7 ноември, во рамките на Меѓународниот саем за широка потрошувачка „Агрофуд“, во Скопје, со почеток во 11:00 часот, Мрежата за рурален развој на Република Македонија во соработка со Скопски саем организираше работилница со цел да ги презентира резултатите добиени од досегашните активности спроведени преку проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени. Професори од Факултетот за земјоделски науки и храна и Земјоделскиот институт, ги споделија резултатите и достигнувањата од имплементацијата на адаптивни мерки во овоштарството, градинарството и лозарството, како и наодите од двете објавени студии за адаптација на земјоделството и на анималното производство спрема климатските промени. Воедно целта на настанот беше да ја зголеми свеста на земјоделските производители, но и на целокупната јавност за предизвиците и ефектите од климатските промени во земјоделскиот сектор во Република Македонија.

Прочитај повеќе...

Одржани обуки за организациите членки на МРР на РМ

Како дел од активноста за градење на капацитетите на Мрежата за рурален развој на РМ, спроведувана во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, на 7ми и 8ми јули во Скопје, беа организирани две обуки на кои беа поканети организациите-членки на МРР на РМ.

Прочитај повеќе...
Споделување на досегашните резултати и достигнувања од проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени

Споделување на досегашните резултати и достигнувања од проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени

На 21 февруари 2014 год. во Битола, Мрежата за рурален развој на Република Македонија организираше работилница наменета за советници од АПРЗ (Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството) и земјоделци, со цел да им ги претстави придобивките и резултатите од...

Прочитај повеќе...
Мрежата за рурален развој на Република Македонија во студиска посета на САД

Мрежата за рурален развој на Република Македонија во студиска посета на САД

Заменик директорот на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Весела Ламбевска Домазетова, заедно со претставник на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Лидија Чадиковска, учествуваа во програмата за меѓународни лидерски посети, наречена “Прилагодливост кон климатските промени”, спонзорирана од страна на Стејт Департментот на САД, а администрирана од страна на невладината организација Светско Учење.

Прочитај повеќе...
Споделување на досегашните резултати и достигнувања од проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени

Споделување на досегашните резултати и достигнувања од проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени

На 13 декември 2013 год, во Росоман, со почеток во 15:00 часот, Мрежата за рурален развој организираше работилница со цел да ги сподели искуствата и резултатите од адаптивните земјоделски практики, имплементирани и тестирани во периодот од започнувањето на спроведувањето на проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени, април 2012 год., до денес.

Прочитај повеќе...

Отпочнување на активности за промоција на ЛЕАДЕР пристапот во југоисточниот плански регион на РМ

Во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Мрежата за рурален развој на Република Македонија предвиде реализација на активности поврзани со промоција на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во општини од југоисточниот плански регион во кои влијанието од климатските промени се одразува негативно врз севкупното живеење на руралните домаќинства. Со афирмација на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во руралните средини, МРР тежнее кон развој на капацитетите на сите засегнати страни во руралните средини со што ќе се подобри нивното знаење и способности за партиципативно планирање во процесите на носење на одлуки од важност за заедницата. Во рамки на овие активности МРР ќе поддржи создавање на ентитет, Локална Акциска Група во форма на јавно приватно партнерство вклучувајќи партнери од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, покривајќи ги интересите на различни засегнати страни од 4 општини во овој регион (Струмица, Василево, Босилово и Ново Село). Групата ќе има за цел, да ги претставува интересите на различни засегнати страни коишто постојат и работат на руралната територија во општините. Целта на групата ќе биде да развие стратегиски документ за локален развој кој ќе ги поддржи и обедини локалните иницијативи и акции.

Прочитај повеќе...

Одржана „Обука за управување со проектен циклус и пишување на предлог-проект“ за членките на МРР

Врз основа на потребите од обуки на членките на Мрежата за рурален развој на РМ, кои беа идентификувани во рамки на активностите на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, беше подготвен соодветен акциски план.

Прочитај повеќе...

Студиска посета во Италија

Проектните активности на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени се креирани врз основа на позитивните искуства од интернационалните практики за адаптација на земјоделското производство кон климатските промени, прилагодени на нашиот терен и климатски околности.

Прочитај повеќе...

Студиска посета во Израел

По првичната имплементација на активности за адаптација кон климатските промени во демонстративни овошни, зеленчукови и лозови насади во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, за земјоделците корисници на проектот беше обезбедена редовна техничка помош за правилна апликација на специфичните адаптивни мерки од страна на технички експерти.

Прочитај повеќе...

Јакнење на свеста за предизвиците и ефектите од климатските промени во земјоделството

Климатските промени, кои се манифестираат преку долги сушни периоди, намалени врнежи, но и константно зголемување на температурите на месечно и годишно ниво, имаат особено штетно влијание во земјоделството. Со цел јакнење на јавната свест за предизвиците и ефектите од...

Прочитај повеќе...

Работилници за проценка на потребите за обука на членките на МРР

Една од целите на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, спроведуван од Мрежата за рурален развој на Република Македонија е зајакнување на капацитетите на МРР на РМ и нејзините членки. Процесот за проценка на потребите за обука беше...

Прочитај повеќе...

Работилница во Штип за јакнење на свеста за предизвиците и ефектите од климатските промени во земјоделството

Денес, 04.09.2012, во хотел „Оаза“ во Штип, со почеток во 11:00 часот, проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, имплементиран од Мрежата за рурален развој на Република Македонија, организира работилница со цел јакнење на јавната свест...

Прочитај повеќе...

Работилница во Ресен за јакнење на свеста за предизвиците и ефектите од климатските промени во земјоделството

Повеќе од 30 претставници на различни организации од Преспанскиот регион присуствуваа на работилницата чија цел беше јакнење на јавната свест за ефектите и предизвиците од климатските промени во земјоделството, организирана од страна на Мрежата за рурален развој на РМ...

Прочитај повеќе...

ЗАТВОРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ НА УСАИД ЗА АДАПТАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО КОН КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

На 15 декември 2016 год., во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени со свечен настан ги одбележа резултатите од петгодишната успешна работа во воведување на едноставни и исплатливи земјоделски адаптивни практики кои адресираат значаен проблем како што се климатските промени. Мерките и техниките за адаптација кон климатските промени коишто беа спроведени во 28 демонстративни полиња и фарми, им помогнаа на земјоделците да го зачуваат приносот и да го подобрат квалитетот на производите. Извонредните резултати добиени од адаптивните практики кои беа тестирани во 6 модули: овоштарство, лозарство, градинарство, загуба на почва, заштеда на вода и сточарство, беа сумирани во брошури, студии и видео материјали, коишто придонесоа кон зголемена свест и знаење кај земјоделскиот сектор во Македонија. Овој проект резултираше со зголемување на бројот на земјоделци кои употребуваат некои од адаптивните мерки како: УВ заштитни мрежи во градинарството, аплицирање на добротворната габа за поголемо впивање вода од почвата, Т-систем на кроење кај трпезно грозје и користење на калциум карбонат во лозарството, кратка резидба кај овошките итн.

Прочитај повеќе...

Презентација на резултати од имплементацијата на мерките за адаптација на сточарството кон климатските промени

Повеќе од 100 земјоделци и советници на АПРЗ (Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството), на 10 ноември 2016 год., се собраа во Бизнис салата на Скопскиот саем, за да дознаат какво влијание имаат климатските промени во сточарството и да научат како да го зачуваат производството. Проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени, спроведуван од Мрежата за рурален развој на Република Македонија, тестираше мерки за прилагодување кон климатските промени во свињарството, живинарството и кај млечните крави. Резултатите добиени од примената на адаптивните мерки беа споделени со присутните на настанот преку презентациите на професорите од Факултетот за земјоделски науки и храна, кои интензивно работеа со сточарите – корисници на проектот, во имплементацијата на овие корисни и лесно достапни адаптивни мерки и практики.

Прочитај повеќе...

ЛАГ – од локална иницијатива до водечки концепт за развој на руралните заедници

На 4 ноември, во Штип, Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР на РМ) го организираше настанот „ЛАГ – од локална иницијатива до водечки концепт за развој на руралните заедници“ со цел да претстави 4 иницијативи за формирање на Локални акциски групи (ЛАГ-ови) создадени во согласност со ЕУ ЛЕАДЕР пристапот. Со поддршка на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, МРР на РМ спроведе сеопфатна тренинг програма за градење на капацитетите во согласност со карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот, опфаќајќи ги чинителите на јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот, од 17 општини во источниот и југоисточниот регион на Македонија. Како резултат на овој процес, четирите ЛАГ-ови, подготвија 4 Стратегии за локален развој, инкорпорирајќи активности за подобрување на вклученоста на сите чинители во процесот на донесување одлуки за прашања од важност за нивните рурални заедници.

Прочитај повеќе...

Посета на ЕЛАРД во Македонија

На 26 и 27 мај, претседателот на Европската ЛЕАДЕР асоцијација за рурален развој – ЕЛАРД, г-ѓа Кристина Таметс, ја посети Македонија заедно со двајца претставници на Националната мрежа за рурален развој на Естонија и Министерството за рурален развој на Естонија. Мрежата за рурален развој на Република Македонија – МРР на РМ, како членка на ЕЛАРД од 2011 год., ја организираше оваа дводневна посета со поддршка на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени.

Прочитај повеќе...

Одржана Првата национална конференција за климатските промени и македонското земјоделство

На 31 март, во Струмица, со заедничка соработка на проектот „Институционална подршка на Федерацијата на фармерите на РМ“ We Effect – ФФРМ, проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени и Амбасадата на Кралството Шведска, беше организирана првата Национална конференција на тема „Македонското земјоделство и климатските промени“. Настанот имаше цел да ги претстави негативните ефекти на климатските промени врз земјоделското производство пред сите чинители и да презентира мерки и техники кои ќе им помогнат на земјоделците да ги намалат штетните последици во градинарството, овоштарството, лозарството и сточарството.

Прочитај повеќе...

Промоција на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во источниот плански регион на Р. Македонија

На 22 февруари, во Штип, беше промовиран ЕУ ЛЕАДЕР пристапот, пред повеќе од 30 претставници на локалната самоуправа, граѓанскиот и бизнис секторот од источниот плански регион на Р. Македонија. Мрежата за рурален развој (МРР на РМ) заедно со Центарот за развој на источниот плански регион (ЦРИПР), ги презентираше активностите поврзани со ЕУ ЛЕАДЕР пристапот и даде осврт на значењето на ЛЕАДЕР како идна ИПАРД мерка во Република Македонија.

Прочитај повеќе...

Промоција на EU LEADER пристапот во југоисточниот плански регион на Р. Македонија

На 18 февруари, во хотелот Романтик, Дојран, Мрежата за рурален развој (МРР на РМ) заедно со Центарот за развој на југоисточниот плански регион (ЦРЈИПР), одржа информативна работилница, на која ги презентираше активностите поврзани со EU LEADER пристапот и даде осврт на значењето на LEADER како идна ИПАРД мерка во Република Македонија.

Прочитај повеќе...

УСАИД им помага на земјоделците да ги намалат негативните ефекти од климатските промени

На 21 декември, проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени презентираше сеопфатен извештај за наодите добиени од тригодишното тестирање на различни ефикасни и воедно исплатливи практики што ќе им помогнат на земјоделците да ја намалат ранливоста на земјоделското производство од негативното влијание на климатските промени. Проектот работеше со 17 земјоделци за да ги утврди најефикасните адаптивни мерки. Извештајот ќе биде достапен на пошироката земјоделска заедница, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање, како и многу образовни и научни институции.

Прочитај повеќе...

Презентација на појдовни мерења во областа на сточарството

По презентацијата на појдовните мерења во сточарството, одржана во Битола, која помина со бројна посетеност од сточари и советници на АПРЗ од западниот дел на Македонија, Мрежата за рурален развој на РМ, на 10 декември, организираше уште една ваква презентација, овој пат во Струмица. Проф. д-р Методија Трајчев од Факултетот за земјоделски науки и храна, ги презентираше појдовните резултати од мерењата за влијанието на топлотниот удар врз млечноста на кравите, добиени во периодот на летните месеци јуни-септември 2015 год. Ваквите активности се спроведувани преку проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, со цел да се подигне свеста на македонскиот земјоделски сектор за штетните влијанија од климатските промени и да се сподели практики кои ќе им помогнат на сточарите да се справат со проблемите предизвикани од климатските промени.

Прочитај повеќе...

Презентација на појдовни мерења во областа на сточарството

На 3 декември во Битола, Мрежата за Рурален развој на РМ преку проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени ги презентираше појдовните мерења за влијанието на топлотниот удар врз млечноста на кравите.

Прочитај повеќе...

Климата се менува, од нас зависи.

Денес, во Боговиње, децата од шест општински училишта, низ многу забава и игра, учеа за штетните последици од климатските промени и како да се намалат негативните ефекти врз локалната средина. Настанот беше организиран во рамки на кампањата „Климата се менува, од нас зависи.“ што ја спроведува проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени.

Прочитај повеќе...

Ден на Локалната акциска група Беласица – Огражден

Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР на РМ) во текот на изминатата година спроведе активности за пилотирање на ЛЕАДЕР пристапот во Југоисточниот плански регион. ЛЕАДЕР пристапот, како една од мерките на ИПАРД, промовира соработка помеѓу јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот и ги поттикнува заеднички да истражат нови начини за подобрување на нивните основни животни услови. На тој начин ЛЕАДЕР придонесува за подобрување на квалитетот на животот во руралните средини, како за земјоделските семејства, така и за поширокото рурално население.

Прочитај повеќе...

Промоција на убавините во руралните средини

Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР на РМ) преку проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени поддржа проектни иницијативи спроведени од членки на МРР кои имаа за цел да ги промовираат руралните средини и да придонесат во развојот на руралниот туризам во земјава.

Прочитај повеќе...

Одбележан првиот пролетен ден во Пехчево

Учениците од Основното училиште „Ванчо Китанов“ од Пехчево, низ песни и игри го одбележаа првиот ден на пролетта. Настанот кој се одржа на 21 март, беше поддржан од Мрежата за рурален развој на Република Македонија и уште неколку невладини организации од регионот на Пехчево, како Еколошкото друштво „Солза“ и Центарот за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“.

Прочитај повеќе...
Иницијален состанок за ЛЕАДЕР пристапот

Иницијален состанок за ЛЕАДЕР пристапот

Во среда, на 11 февруари 2015 год., во општинската зграда на Берово, Мрежата за рурален развој на Република Македонија одржа иницијален состанок за промоција на ЛЕАДЕР пристапот во источниот плански регион на Македонија. На собирот присуствуваа повеќе од 25 претставници на локалната самоуправа, граѓанскиот и бизнис секторот од општините Берово, Пехчево, Делчево и Македонска Каменица и Центарот за развој на источниот плански регион, кои имаа можност да се запознаат со основните принципи на ЛЕАДЕР пристапот како една од идните ИПАРД 2 мерки.

Прочитај повеќе...

УСАИД објавува студии за адаптација на земјоделството кон климатските промени

На 5 ноември, беше одржана презентација на две студии за климатски промени објавени од страна на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени – едната е фокусирана на ефектите од климатските промени врз земјоделскиот сектор во Македонија, а другата е со фокус на нивното негативно влијание врз сточарството. Студијата за сточарство е прва од овој тип во Македонија.

Прочитај повеќе...

Караванот за климатски промени им помага на руралните заедници да се адаптираат

Со настанот во Свети Николе на 26 септември, Караванот за климатски промени организиран од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, ја заврши есенската кампања со последната од вкупно четири посети низ земјава. Донесувајќи ги експертите за климатски промени во руралните средини, Караванот за климатски промени ги едуцира индивидуалните земјоделци и нивните заедници во однос на очекуваните ефекти од климатските промени. Низ сесии на отворени прашања и одговори, експертите ќе дискутираат за одредени проблеми со кои се соочуваат земјоделците, ќе споделат стратегии за адаптација кон ефектите од климатските промени и ќе ја нагласат важноста од проактивни одговори на ниво на заедницата. Свое обраќање имаа Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стејн, градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев и директорот на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Петар Ѓоргиевски.

Прочитај повеќе...
Студија за адаптација на сточарството кон климатските промени во Македонија

Студија за адаптација на сточарството кон климатските промени во Македонија

Во рамките на УСАИД проектот за адаптација на земјоделството кон климатските промени се започна со подготовка на „Студија за адаптација на сточарството кон климатските промени во Македонија“ . Главната цел на студијата е да ги оцени активностите кои треба да се преземат од страна на произведувачите и останатите актери во ланецот на вредности во сточарското производство, во насока на адаптација кон климатските промени во земјата. Мрежата за рурален развој на РМ во соработка со Мисијата на УСАИД во Македонија организираше посета од страна на д-р Мо Салман, професор по ветеринарна епидемиологија на државниот универзитет во Колорадо и г-ѓа Џојс Турк, советник за сточарство во седиштето на УСАИД во Вашингтон. Членовите на тимот ја реализираа посетата во периодот од 25 – 29 март 2013 год. Главната цел на посетата беше да се запознаат подобро со моменталната состојба на сточарското производство во Македонија и перспективите во контекст на предизвиците од климатските промени до 2025 година и особено да соберат релевантни информации за системите на сточарското производство, изведбата и практиките, како и метеоролошките промени во последните 15 години.

Прочитај повеќе...


Поддршка за спроведување на мерки за намалување на штетите од климатските промени



Адаптација на сточарството кон климатските промени



Караван за климатски промени



Мерки за прилагодување кон климатските промени во градинарството



Мерки за прилагодување кон климатските промени во овоштарството



Мерки за прилагодување кон климатските промени во лозарството



Земање почвени проби