http://ec.europa.eu/agriculture/enlargement/publications/western-balkans-report-2014_en.pdf

На горенаведениот линк можете да го прочитате деталниот извештај од патувачката работилница организирана во трите земји од Западен Балкан – Република Македонија, Црна Гора и Србија, која беше проследена со еднодневна национална конференција и завршна конференција којашто се одржа во Брисел. Сите заклучоци и идентификувани можности и предизвици во секоја од овие три земји, беа сумирани во извештајот од страна на проф. Мајкл Дауер, професор за рурален развој на Европа на Универзитетот во Глостершир, Англија и поранешен кооринатор на ПРЕПАРЕ партнерството за рурална Европа.

Настанот, кој се одржа во периодот од 31 март до 2 април 2014 год, беше заеднички инициран од Постојаната работна група за рурален развој во Југоисточна Европа и ПРЕПАРЕ партнерството на рурална Европа, со поддршка од TAIEX (Инструмент за техничка поддршка и размена на информации) и мрежите за рурален развој на Република Македонија, Србија и Црна Гора.

Report_Empowering rural stakeholders in the Western Balkans_MK