Име на проектот: Едукација на креативна индустрија
Носител на апликацијата: Организација на жени „Цвет“
Партнер: Фондација за одржлив економски развој „Преда Плус“

Кратко резиме: Двете партнерски организации одржаа работилници за плетење и везење наменети за младите жени со цел да ги зачуваат и пренесат традиционалните начини на изработка на ракотворби, но истовремено да вметнат креативност и нови дизајни со што ќе придонесат во подобрување на економската положба на жените од регионот.

Име на проектот: Седенка со повод
Носител на апликацијата: Организација на жените на Пехчево
Партнер: Еколошко друштво „Солза“, Здружение Центар за лековити билки и шумски плодови „АМБРОЗИЈА“

Кратко резиме: Преку неформални средби, беа идентификувани проблемите и потребите на жените од руралните средини од регионот на Пехчево. Целта беше да се поттикнат руралните жени на поголема активност и да се стимулира нивно организирано делување преку формирање на здруженија, што ќе придонесе за подобро споделување на информации и подобрување на статусот на жената на село.


Име на проектот: Промовирање на Волонтерски Центар –Гевгелија
Носител на апликацијата: Здружение за едукација на деца и млади СЛОЖУВАЛКА
Партнер: Фондација за локален развој и развој на информатичка технологија

Кратко резиме: Партнерските организации организираа настан за промоција на Волонтерскиот Центар – Гевгелија, стремејќи се да ги информираат претставниците на локалниот бизнис сектор за придобивките од ангажирањето на волонтери и воедно да ги поттикнат младите од регионот кон поголема активност и вклучување во центарот. Целта беше преку оваа активност да се идентификуваат потребите на приватниот сектор на локално ниво и со помош на неформалното образование да се приближат интересите и потребите на двете страни на пазарот на трудот, во насока на намалување на два проблеми на локално ниво – недостигот на можностите за стекнување соодветни стручни вештини помеѓу младите во населените места во општина Гевгелија и недостигот на соодветно квалификуван работен кадар кој успешно ќе одговори на потребите на локалниот приватен сектор.