Цела Европа ќе живее!

Луѓето од руралните средини во Европа ги афирмираат своите права

На вториот Европски рурален парламент, организиран од 4 до 6 ноември, во Шардинг, Австрија, каде присуствуваа 240 претставници на руралните заедници од 40 Европски земји, меѓу кои и Мрежата за рурален развој на Република Македонија, се одобри документ таканаречен Европски рурален манифест.Со него се повика на целосно признавање на правата на руралните заедници кон квалитетен живот и животен стандард еднаков на оној што го има урбанoтo населениe, како и целосно учество во политичките процеси.

Манифестот, со кој се застапуваат акции за 30 клучни прашања, претставува резултат на националните кампањи во 40 земји, во кои беа вклучени илјадници жители на руралните средини.

Тие повикаа на обновено и еднакво партнерство помеѓу луѓето и властите. Се нагласи дека луѓето од руралните средини имаат одговорност да дејствуваат кон својата благосостојба, но побараа властите на сите нивоа, вклучително и европските институции, да работат со цел ова клучно партнерство да има ефект.

Европскиот рурален парламент ја повика Европската унија да подготви главен преглед на условите во руралните области во рамките на ЕУ. Заклучоците од овој преглед треба да се огледаат во зголемен фокус врз руралните области во сите релевантни програми и фондови на ЕУ. Кампањата на Европскиот рурален парламент ќе продолжи во текот на следните две години во насока на влијание врз подготовките на политиките за периодот по 2020 година.

Учесниците на Европскиот рурален парламент беа сведоци дека градот Шардинг, во кој се одржуваше собирот, дневно прима 2000 бегалци на својот пат кон преминот на границата помеѓу Австрија и Германија. За многу рурални области, ова претставува можност да се интегрираат бегалците и другите новодојденци, доколку се оствари потребата од создавање работни места, како и инвестирање во домување, услуги и инфраструктура. Европскиот рурален парламент повика на топол прием заснован врз солидарност помеѓу луѓето.

European Rural Manifesto 2015 final_EN

European Rural Manifesto 2015 final-МК