На 5 декември 2014 во Банско, Бугарија, беше одржана шестата собраниска сесија на Балканската мрежа за рурален развој, на која присуствуваше претседателот на Мрежата за рурален развој на Република Македонија, Петар Ѓоргиевски.

Во текот на шестото собрание на БМРР, членките на БМРР дискутираа за реализираните активности во периодот септември – декември 2014, планираните активности за 2015 согласно акциониот план на БМРР и одлуките на членството.