Во периодот од 16ти до 18ти мај, во местото Гевлеборг, Сандвикен, во Шведска, се одржа 13иот рурален парламент. Мрежата за рурален развој на Република Македонија заедно со останатите членови на Балканската мрежа за рурален развој (БМРР) и Постојаната работна група за рурален развој во југоисточна Европа, учествуваа во 13иот Шведски рурален парламент. БМРР беше презентирана на парламентот преку свој штанд и промотивни материјали, како и преку своето активно учество во работниот дел на настанот.

Во рамките на парламентот беше организирана прес конференција со локални медиуми во Шведска. Во име на Постојаната работна група за рурален развој во југоисточна Европа, проектниот менаџер, Богданка Левеска Ѓоршоска ја претстави Главната канцеларија/ Секретаријат и Балканската мрежа за рурален развој. На прес конференцијата учествуваше и Петар Ѓоргиевски, член на БМРР, ги запозна медиумите со Мрежата за рурален развој на Република Македонија.