На 9 мај, во Јахорина, Босна и Херцеговина, Балканската мрежа за рурален развој (БМРР) го одржа четвртиот собраниски состанок, во рамки на 29ата сесија на Собранието на Постојаната работна група за рурален развој во југоисточна Европа.   Покрај членките на БМРР – мрежите за рурален развој на Македонија, Србија и Црна Гора – на состанокот присуствуваа и претставници на Националната мрежа за рурален развој на Бугарија, Хрватската мрежа за руален развој  и Мрежата за рурален развој во Босна и Херцеговина.

По презентацијата на тековните активности од страна на сите мрежи и претставувањето на Националната мрежа за рурален развој на Бугарија, беше отворена дискусија за критериумите и принципите за стекнување членство во БМРР. Уште еднаш, членките на мрежата покажаа отвореност и интерес за вклучување на сите Балкански земји.

Дополнително, беа договорени уште три состаноци на БМРР во текот на 2014, каде ќе се дискутира и ќе биде финализирана стратегијата на БМРР и акциониот план за периодот 2014 – 2016 год. На состаноците се очекува да се донесе одлука за вклучување на руралните мрежи од Бугарија, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои ја изразија својата желба да станат членки на БМРР.