По првичната имплементација на активности за адаптација кон климатските промени во демонстративни овошни, зеленчукови и лозови насади во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, за земјоделците корисници на проектот беше обезбедена редовна техничка помош за правилна апликација на специфичните адаптивни мерки од страна на технички експерти. Тие ги следеа раните одговори и прелиминарни ефекти од употребата на овие практики. Сепак, со цел да се спроведува натамошна успешна имплементација на овие нови аплицирани практики и потенцијално да се разгледаат нови апликативни мерки за адаптација кон климатските промени, потребно е на земјоделците корисници на проектот и техничките експерти да им се обезбеди искуство од прва рака и други успешни случаи.

Во таа насока, проектот одлучи да организира студиско патување за земјоделците корисници, советниците од АПРЗ и техничките експерти, како би се запознале со интернационалното искуство кое ќе им обезбеди можност за учење, размена на искуства и детали поврзани со воспоставувањето и функционирањето на успешни практики за адаптација кон климатските промени. Во периодот од 14 јули до 19 јули, дванаесет учесници имаа можност да го посетат Израел како земја со напредно искуство во практики  апликативни за климатските промени. Земјоделците корисници на проектот, советниците од АПРЗ и техничките експерти беа запознаени со интензивното производство на зеленчук и грозје, производство на семе за градинарски култури, применето истражување во градинарството и различни применети земјоделски технологии.

Студиска посета во Израел (Галерија)