На 27 април, во Делчево, Мрежата за рурален развој во Република Македонија ја организираше третата работилница  во рамки на процесот на запознавање на чинителите со ЛЕАДЕР пристапот и градење на нивните капацитети за оваа идна ИПАРД мерка во Република Македонија. Околу 20 учесници имаа можност да стекнат вештини за изработка на општински SWOT анализи, како и  SWOT на микро-регионот.

Во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, МРР на РМ спроведува активности поврзани со ЛЕАДЕР пристапот во 4 општини (Пехчево, Берово, Делчево и Македонска Каменица) од источниот плански регион кадешто влијанието на климатските промени се одразува врз севкупното живеење на руралните домаќинства.