За намалување на негативниот ефект од намалувањето на врнежите во текот на 2012 год. испитувано е влијанието на габата Trichoderma harzianum врз порастот на коренот и зголемувањето на неговата смукателна моќ. Притоа е утврдено видно зголемување на кореновата маса кај растенијата кај кои е применет третман со оваа габа и зголемување на хабитусот на третираните растенија.

Аплицирањето на Trichoderma harzianum врз градинарските култури е една од мерките за адаптација кон климатските промени кои се тестираат во рамките на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени. На 16ти февруари 2013, беше извршена презентација на процесот на аплицирање на Trichoderma harzianum на семе од домат и краставица, на едно од опитните полиња, во с. Добрејци.

(Галерија)