Проекти на МРР

Вмрежување и застапување за зелена економија

Опис на проектот

Овој тригодишен проект, започнат во април 2018 година, го спроведуваат 7 партнерски организации од Балканот  од кои една е од земја на ЕУ: Мрежа за рурален развој на РМ, Мрежа за рурален развој во БиХ, Мрежа на организации за рурален развој на Косово, Мрежа за рурален развој на Црна Гора, Мрежа за рурален развој на Србија,  Албанската мрежа за рурален развој и Хрватската Мрежа за рурален развој.

Општата цел на проектот е да обезбеди поддршка за подобрување на политиките и влијанието на  Балканската мрежа за рурален развој (БМРР) и нејзините членови во процесот на носење одлуки преку вклучување во процесите на реформи на земјоделските и руралните програми  со цел воведување на концептот на зелена економија.

Проектот има три специфични цели:

  • Зајакнување на капацитетите на малите, локални граѓански организации  во однос на општите принципи на работа, застапување и вмрежување, за да можат да ја остварат својата улога на застапници за земјоделски и рурални реформи, на транспарентен и отчетен начин;
  • Воведување на концептот на зелена економија како единствен меѓусекторски претприемачки модел за рурална диверзификација и одржливост;
  • БМРР и нејзините членови го користат пристапот за развој на политиките засновани на докази и застапување засновано на правата за да ги поттикнат националните процеси на приближување кон заедничката европска земјоделска политика (EU CAP) и промовирање на зелената економија.

Како резултат на предложената активност, ќе се зајакнат капацитетите за вмрежување и застапување на БМРР,ќе се постигне нејзино поголемо препознавање, проширено влијание и засилено учество во процесите на донесување одлуки во политиките.

Целна група на проектот се 900 претставници на мали, локални граѓански организации, најмалку 7.000 различни чинители, 200 мали граѓански организации, членови на партнерите и најмалку 70 претставници на локалните и националните медиуми.

Директни корисници на проектот се граѓанските организации, првенствено, мали, локални организации активни во руралниот развој и диверзификацијата, како и во заштитата на животната средина и заштитата на природата. Директните крајни корисници се руралното население, земјоделците и агробизнисите, како и претприемачите, кои сакаат да инвестираат во зелена економија

Донатор: Европска Комисија преку Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017 Вкупниот буџет на проектот изнесува 1,071,269.13 евра, од кои 964,069.13 (89.99%) се финансии од Европска Унија.  

Мрежата за рурален развој на СМ објавува повик за поддршка на мали граѓански организации за проектни иницијативи од областа на зелената економија.

Финансиската поддршка за овој повик за мали грантови е обезбедена од ЕУ проектот „Вмрежување и застапување за зелена економија “  кој го споведува Мрежата за рурален развој на СМ во соработка со мрежите за рурален развој на Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина  и Хрватска.

Секој предлог-проект треба да биде поднесен на Образец А – Образец за аплицирање, вклучувајќи го Образец Б – Буџет , како и сите останати потребни прилози. Пакетот документи/формулари за аплицирање и дополнителната информација за повикот за мали грантови се во прилог и во делот на веб страната за проектот Вмрежување и застапување за зелена економија.

Проектната апликација се испраќа на електронската адреса nagegranting@gmail.com.

Краен рок за поднесување на апликации е 01.05.2020 , до 23:59 часот.

Упатството за апликанти за грант

Анекс A Фомулар за аплицирање

Анекс B- Буџет

Анекс C – Документ за правен субјект

Анекс D Формулар за финансиска идентификација

Анекс E Договор за грант

Анекс I-Наративен периодичен и финален извештај

Анекс II -Финансиски извештај

Анекс III – Документ за пренесување на сопственост на средства