За Нас

Визија

Визијата на организацијата во престојниот период е: Руралното население во Република Македонија живее и работи во инклузивна средина што поттикнува диверзификација и одржливост, овозможувајќи рамномерен развој и унапредување на социо-економските услови за живот, како и зачувување на природното богатство и културното наследство. За да се оствари визијата, мисијата на МРР преку која ќе дејствува во периодот од 2019 до 2022 е: Мрежата за рурален развој на Република Македонија гради партнерства и остварува стратешка соработка, за влијание врз политиките за рурален развој на локално и национално ниво, ја поддржува и ангажира руралната заедница, преку активности за градење и искористување на нивните способности, вештини и знаења, и промовира и застапува ставови кои поттикнуваат услови за еднаков развој и одржливо искористување на природните ресурси.