На  шеесет и шестото заседание на Генералното Собрание на Обединетите Нации, 2014 беше означена како Меѓународна Година на Семејното Земјоделство. Водена од Организацијата за Храна и Земјоделство, таа има за цел да го сврти вниманието врз семејното земјоделство со тоа што ќе го насочи светското вниманиекон неговата улога во ублажување на гладот и сиромаштијата, обезбедување на доволно храна и средства за живот, штитејќи ја истовремено околината и биодиверзитетот.

Како резултат на овој контекст на декларацијата на ОН за 2014 како Меѓународна Година на Семејно Земјоделство, заедно со придонесот од онлајн Консултации направени на 02.08.2013 и 11.10.2013, Европска конференција насловена како : Семејно земјоделство – Дијалог кон поодржливо и зајакнато земјоделство во Европа и светот, организирано од Европската Комисија, се одржа на 29 Ноември 2013 во Брисел.

Мрежата за рурален развој на Република Македонија како проактивен застапник на руралните заедници, имаше свој претставник кој присуствуваше на Конференцијата. Конференцијата привлече големо внимание. Повеќе од 400 учесници од кои некои од најистакнатите и најкомпетентните личности во земјоделската политика на Европа, се собраа да дискутираат за важната улога на семејното земјоделство, клучните предизвици и приоритети за во иднина како и за тоа кои се најдобрите начини за поддршка на семејните фарми.

Едни од главните говорници на Конференцијата беа Г-ѓа Лорета Дормал Марино, Заменик Генерален Директор, Генерален Директор на Директоратот за Земјоделство и Рурален Развој- на Европската Комисија Г-н Дачиан Чолош,Комесарот за Земјоделство и Рурален Развој на Европската Унија, Карло Петрини, Претседателот на Меѓународното Движење Slow Food  чија презентација беше придружена со големи овации од присутната публика. Покрај домашните учесници на Конференцијата исто така беа повикани еминентни гости говорници од земјите надвор од Европа кои исто така имаа свој придонес во заклучоците.

Исто така, на Конференцијата беа одржани три паралелни работилници со следниве теми:

  • Работилница 1: Најдобри примери од семејно земјоделство
  • Работилница 2: Форми на организација за појаки семејни фарми
  • Работилница 3: Пристап кон нови технологии и истражување

Конференцијата заврши со панел дискусија на високо ниво на којашто најголемиот  значаен инпут дојде од размена на ставови за семејно земјоделство од сите учесници.

Дополнително, заклучоците од оваа конференција ќе придонесат кон Европската Регионална Конеференција на Организацијата за Земјоделство и Храна, закажана од 1-ви до 4-ти Април 2014