Во рамки на Проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени,  како една од главните адаптивни мерки кои ќе бидат тестирани и демонстрирани во градинарството, овоштарството и лозарството, е поставување на УВ заштитни мрежи, чија улога е заштита на насадите од изгореници и град. Вакви УВ заштитни мрежи беа поставени во текот на месец јуни, на две демонстративни опитни единици:

Во областа на градинарството беа поставени УВ заштитни мрежи врз насад со домати на локалитетот с. Пчиња, кумановско.

Во областа на овоштарството пак, УВ заштитните мрежи беа поставени на овоштарник со круши, на локалитетот Младо Нагоричане, Куманово.

Проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени, спроведен од Мрежата за рурален развој на РМ ќе врши тестирања и мониторинг на повеќе техники со цел да се изнајдат оние што најдобро функционираат под дадени услови, па така наученото да може да се примени во повеќе заедници ширум целните региони, со што ќе се помогне во минимизирање на некои од очекуваните неповолни влијанија од климатските промени врз земјоделските култури.