На 24 март, во Битола, Мрежата за рурален развој на Република Македонија одржа уште една работилница за презентација на наодите од Студијата за адаптација на анималното производство во Република Македонија спрема климатските промени, која беше изработена во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени.

Проф. Д-р Сретен Андонов, како координатор на експертскиот тим што ја подготви студијата, ги објасни штетните влијанија од климатските промени врз сточарскиот сектор и даде насоки и совети за примена на соодветни адаптивни мерки и навремена подготовка на анималното производство за таквите очекувани негативни влијанија.