Во рамки на проектот „Воспоставување на бизниси во мултиетнички средини“, изготвен е прирaчник кој нуди информации за сите мерки на Владата на Република Македонија за поттикнување на вработувањето и претприемништвото.

Бројот на мерките е голем и шаренолик па многу често потенцијалните корисници, особено оние од руралните средини и ранливите групи, не успеваат да дознаат за сите мерки кои им се на располагање и тие им изгледаат комплексни.

Прирачникот има за цел да им помогне на невработените лица и новоформираните бизниси оптимално да ги искористат државните мерки за поддршка кои им стојат на располагање.

На следниов линк: http://sdc.com.mk/vladini-merki-za-poddrska  ќе најдете електронски пребарувач за сите државни мерки кои ви стојат на располагање.

Проектот „Воспоставување на бизниси во мултиетнички средини“ е двегодишен проект за поддршка на нови бизниси во сопственост на млади и жени од рурални мултиетнички средини во Република Македонија.  Проектот го спроведува Консалтинг за стратешки развој, а е поддржан преку Британската амбасада во Скопје.