На 24 и 25 септември, 21 претставник на мрежите за рурален развој на Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Косово се собраа во Скопје за да ги зголемат своите знаења, вештини и капацитети за управување со своите организации, за да ги обезбедат потребните ресурси за организациско функционирање и следствено да ја зголемат нивната моќ и влијание на локално ниво. Преку серија обуки, почнувајќи од темата за транспарентно и отчетно управување, Балканската мрежа за рурален развој како платформа на невладини организации составена од мрежите за рурален развој на земјите од Балканот и нејзините основачи , се стремат да го зголемат своето учество во земјоделската и руралната програма во своите земји и во процесите за реформа на политиките со цел воведување на концептот на зелена економија.

“Зелената економија има за цел да ги намали еколошките ризици и еколошките недостатоци и се стреми кон одржлив развој без да ја уништи животната средина. За да го промовираме овој концепт, ќе работиме на развој на капацитетите и ќе им обезбедиме грантови на мали невладини организации од руралните средини за пилот-проектирање на зелени претприемачки проекти преку кои ќе демонстрираат дека оржливоста е возможна истовремено покажувајќи општествена одговорност и водејќи грижа за животната средина “, рече Петар Ѓоргиевски, Директор на проектот “Вмрежување и застапување за зелена економија”.

Регионалниот проект “Вмрежување и застапување за зелена економија” финансиран од ЕУ, започна во април 2018 година. Овој тригодишен проект применува партиципативен приод со учество на различни чинители за да го промовира и олесни воведувањето на концептот на зелена економија, како и да го поддржи приближувањето кон Зеадничката Земјоделска Политика на ЕУ, особено во областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој. Главен имплементатор на проектот е Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР на РМ), а партнери во проектот се: Хрватската мрежа за рурален развој, Албанската мрежа за рурален развој, Мрежата за рурален развој на Црна Гора, Мрежата за рурален развој на Србија, Мрежата на организациите за рурален развој на Косово и Мрежата за рурален развој во Босна и Херцеговина.