Третата национална обука за развивање генерички менаџмент вештини организирана во рамки на проектот “ Вмрежување и застапување за зелена економија”, беше одржана во Демир Капија, од 02 до 04 јули, 2019. Повеќе од 30 претставници на граѓански организации од Н. Македонија учествуваа на оваа обука посветена на “ Финансиски менаџмент и диверзификација на финансии“ . Главниот фокус на оваа обука беше трансфер на знаење за набавки и финансиски менаџмент на ЕУ проекти како можност за диверзификација на финансирањето на граѓанските организации. Учесниците на обуката добија објаснување за процедурите за набавка, ПРАГ процедурите, подготовка на буџет, финансиска внатрешна контрола, финансиско известување за ЕУ проекти итн.

Оваа обука помогна да се зајакнат потенцијалите и капацитетите на помалите граѓански организации од руралните средини чие делување е насочено кон одржлив развој на руралните средини.