Учество на Вкуси ја традицијата: прв национален саем за храна и пијалоци

Велат дека храната ја има вистинската моќ да нè спои сите заедно. Вкуси ја традицијата – прв саем за храна и пијалоци успеа во тоа и беше можност голем број на посетители да уживаат во одличните вкусови на локална храна, пијалоци, како и разни производи од руралните средини и рачни изработки.

Мрежата за рурален развој на СМ учествуваше на саемот заедно со Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) Абер 2015, ЛАГ Беласица Огражден, ЛАГ Бојмија, ЛАГ Малеш-Пијанец и ЛАГ Плачковица кои се нејзини членки. Тие се претставија со свои штандови, каде присутните се запознаа со производи од шумски плодови, сушени зеленчук и овошје, јаткасти плодови, како и рачни изработки, природна козметика, цвеќе и останати производи од руралните средини. Штандовите на Мрежата беа посетени и од Премиерот, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и останати високи владини претставници.

Настанот беше организиран од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Slow Food Macedonia и ја изразуваме нашата благодарност за поканата на саемот.

#TAGS

Активности и Иницијативи