Мрежата за рурален развој на НМ во соработка со мрежите за рурален развој на Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина  и Хрватска спроведува регионален проект   „Вмрежување и застапување за зелена економија “ финансиран од ЕУ.  

За потребите на проектот, Мрежата објавува оглас за:

    Краткорочен ангажман на консултант кој ќе обезбеди експертиза во анализа на процесот на имплементација на проектот, влијанието на промените направени преку воведените проектни интревенции, како и да се идентификуваат проблемите и ограничувањата со кои се соочија партнерите во имплементација на проектот, проследено со идентификација на важните научени лекции и дефинирање препораки за идни проекти.Детален опис на работните задачи е наведен во ToR-от кој може да го најдете во прилог на огласот.

Заинтересираните кандидати да ги достават своите биографии и финансиска понуда во печатена форма во канцеларијата на Мрежата за рурален развој на НМ најдоцна до 10.09.2021 год. на адреса: ул. Коста Веселинов 3а, Скопје, или да ги испратат во електронска форма на e-mail адресата: ana.d@ruralnet.mk

b8f_annexiitorglobal_en_evaluation.doc