ЗА НАС
Создаваме центар за взаемно учење и соработка за придонес кон одржлив развој на руралните области. За нас одржливиот развој е процес кој опфаќа постојана промена, надградба врз локалните иницијативи, промоција на внимателното користење на земјиштето и локалните ресурси, мобилизација на знаењето и амбициите на локалните заедници со дух на иновација за подобар живот.
Нудиме место за луѓе кои сакаат да ги вратат врските помеѓу загубените нешта – земјоделството и природата, наследството и иновацијата, храната и здравјето, граѓанското општество и носењето политички одлуки.
Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, финансиски поддржана од We Effect, отвора јавен повик за поднесување на апликации за селекција на партнер(и) за интервенција за зајакнување на вредносните синџири во земјоделскиот сектор преку воведување на нов(и) преработен(и) производ(и) / услуги.
Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, финансиски поддржана од We Effect, отвора јавен повик за поднесување апликации за избор на партнер(и) за интервенција за зајакнување на вредносните синџири во земјоделскиот сектор преку подобрување на производната технологија(и).

Мрежа за рурален развој
на Република Македонија
ТЕМАТСКИ ГРУПИ

Конкурентни рурални области
- Земјоделство и храна
- Претприемништво
- Паметни села
- Рурален туризам и културно наследство

Зелена економија
- Животна средина и ефикасно управување со природни ресурси
- Прилагодување и ублажување кон климатските промени

МРЕЖА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ

ALTER – Активни локални територии за економски развој на руралните области

Национален рурален парламент како глас на руралното население

Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во ЕУ

Адаптација на земјоделството кон климатските промени
RuralNet
ul. “Kosta Veselinov” br.3a,
1000 Skopje