Мрежата за рурален развој на Северна Македонија (МРР на СМ) за потребите на проектот „Програма за развој на заедницата“, финансиран од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), има потреба од лице за односи со јавност. Описот на работните задачи и потребни квалификации за горенаведената позиција може да ги најдете во прилог на огласот.

Заинтересираните кандидати треба да го испратат своето CVна англиски јазик на petar.g@ruralnet.mk или во печатена верзија на ул. „Борка Талески“ 55 до 03.07.2024 година, најдоцна до 16:00ч.

 

Опис на работни задачи:

  • Следење на сите процедури во согласност со стратегијата за брендирање и планот за обележување на УСАИД;
  • Одговорен(a) за комуникација за проектот „Програма за равој на заедницата“ и координација со канцеларијата за комуникација на УСАИД;
  • Пишување и дистрибуција на написи до идентификувани медиуми;
  • Истражување, пишување и дистрибуција на соопштенија до медиуми;
  • Учество во организирање на настани;
  • Подготовка и надзор над подотовка на промотивни материјали, фотографии;
  • Планирање и координирање на можности за фотографирање;
  • Идентификување и пишување успешни приказни;
  • Редовно ја ажурира и одржува веб-страницата и FB профилот на организацијата со настани, информации и вести за проектните активности;
  • Одговорен(а) за собирање и архивирање на написи од медиуми поврзани со проектот
  • Врши други задачи по потреба, поврзани со комуникација.

 

 Потребни квалификации:

  • Високо образование;
  • Познавање на работата во невладиниот сектор;
  • Искуство во имплементација на проекти;
  • Искуство во користење на бази на податоци, интернет и компјутери;
  • Претходен ангажман на истa или слична позиција;
  • Одлично познавање на Англиски јазик (говорен и пишан);
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за спроведување повеќе задачи истовремено;
  • Силни интерперсонални вештини и подготвеност за преземање на повеќе рутински задачи.