Име на проектот: Промоција на Бислимска Клисура „Дојдете!Видете!Уживајте! И зборувајте за убавините на Бислимска Клисура
Носител на апликацијата: Здружение на граѓани на Локална Акциона Група за Рурален Развој „ГЛАСОТ НА СЕЛОТО“
Партнер: Центар за рурален развој „БУЈРУМ“
Кратко резиме: Во рамки на проектот беше изработен документарен филм за Бислимската Клисура со наслов „Дојдете!Видете!Уживајте! И зборувајте за убавините на Бислимска Клисура“, чија промоција се одржа на 9 септември во Куманово. Проектната иницијатива имаше цел да го привлече вниманието на донаторите во регионот каде се протега оваа клисура и беше мотивирана од предходно изработени студии за Бислимската клисура кои индицираат дека овој природен феномен има потенцијали за економски развој на регионот.
Име на проектот: Руралниот туризам како можност за развој на заедницата и соработка
Носител на апликацијата:Здружение Центар за лековити билки и шумски плодови „АМБРОЗИЈА“
Партнер: Еколошко друштво „Солза“
Кратко резиме: Целта на проектната иницијатива беше да го подобри квалитетот на живеење во четирите општини – Пехчево, Берово, Делчево и Македонска Каменица, преку едуцирање на младите луѓе од регионот како да ги искористат локалните ресурси и да ги диверзифицираат економските активности. Проектните партнери организираа настан за вмрежување кој собра многу локални невладини организации, ракотворци, угостители, производители и претставници на локалната самоуправа, со цел да им помогне да ги споделат своите искуства и да воспостават подобра заедничка соработка во насока на поефикасно искористување на потенцијалите на микро регионот во развој на руралниот туризам.


