Нов претшколски едукативен центар ќе се отвори во Босилово

Со поддршка на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, во Босилово ќе се отвори нов претшколски едукативен центар за претшколско образование и социјализација на најмладите.

Заедно со претставници од ЛАГ Беласица Огражден, денеска Претседателот на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и директор на Програмата за развој на заедницата го потпиша меморандумот за соработка со партнерите во спроведувањето на оваа локална заедничка акција – Општина Босилово, Рурален Центар Огражден, Студио ВиС и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Иловица.

Веруваме дека со решавањето на овој локален предизвик ќе се зголемат можностите за образование и згрижување на децата како и за подобар квалитет на животот на жителите од општините Ново Село и Босилово.

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.

#TAGS

Активности и Иницијативи