ЛАГ Експо 2022 – прв саем за локален развој во државата

Ви пренесуваме дел од атмосферата на првиот саем за локален развој ЛАГ Експо 2022 кој се одржа во Радовиш.

За време на ЛАГ Експо, посетителите присуствуваа на презентации и панел дискусии со претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од државата како и од регионот – Албанија, Србија, Косово и Хрватска како и на саем со штандови од локални бизниси и граѓански организации кои се наоѓаат на територијата на ЛАГ-овите Абер 2015, Беласица-Огражден, Бојмија, Малеш-Пијанец и Плачковица.

ЛАГ Експо 2022 се реализира со поддршка на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата на рурален развој на СМ и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица.

Повеќе детали може да погледнете во видеото подолу.

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.

#TAGS

Активности и Иницијативи