Потпишан меморандум за соработка за нов парк за миленици во општина Штип

Благодарение на ангажираноста на локалната заедница, Штип ќе добие нов парк за миленици!

Партнерството помеѓу локалната самоуправа, граѓанскиот и приватниот сектор денеска го официјализиравме со потпишување на Меморандум за соработка кој воедно го означува и почетокот на реализицијата на оваа локална заедничка акција.

Оваа акција е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата која ја имплементираме со 5 Локални акциски групи меѓу кои и ЛАГ Плачковица која ја покрива територијата на општина Штип и околните општини.

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.

#TAGS

Активности и Иницијативи