Ќе се уредува детското игралиште во селото Чифлик, општина Пехчево

Потпишан меморандум за соработка за нова локална акција на заедницата во село Чифлик, Општина Пехчево.

Детската градинка ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево, здружението „Едукативен центар за зачувување на природата“ – село Негрево, ЈКП „Комуналец“ – Пехчево и локалното население во претстојниот период ќе учествуваат во уредување на детско игралиште во селото Чифлик. Со тоа ќе се создаде простор каде младите ќе се рекреираат, социјализираат и спортуваат во безбедна и чиста животна средина.

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата која ја имплементираме во партнерство со ЛАГ Малеш-Пијанец и останати четири Локални акциски групи.

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.

#TAGS

Активности и Иницијативи