Мрежата за рурален развој на Северна Македонија (МРР на СМ) има потреба од Координатор на работилница за производство на храна (Food Hub). Описот на работните задачи и потребни квалификации за горенаведената позиција може да ги најдете во прилог на огласот.

Заинтересираните кандидати треба да го испратат своето CV на  aleksandar.p@ruralnet.mk и на vesela.ld@ruralnet.mk (задолжително на двете е-mail адреси), или во печатена верзија на ул Коста Веселинов, 3А најдоцна до 13.10.2020 година.

Координатор на работилница за производство на храна (Food hub)

Опис на работни задачи:

  • Да го координира формирањето на работлницата за производство на храна (Food hub), преземајќи ги сите активности поврзани неа;
  • Координирање на работата на работилницата за производство на храна (Food hub);
  • Врши теренска координација при формирањето на работилницата за производство на храна (Food Hub)
  • Одржува ефективни комуникациски односи со заинтересираните страни за формирање на работилницата за производство на храна (Food Hub), целните групи и партнери;
  • Изработува обрасци и документи релевантни за имплементација на активноста;
  • Подготвува извештаи за реализираните активности.

 Потребни квалификации:

  • Високо образование;
  • Познавање на работата во невладиниот сектор;
  • Искуство во менаџирање, координирање и имплементација на проекти;
  • Искуство во користење на бази на податоци, Интернет и компјутери;
  • Одлично познавање на Англиски јазик (говорен и пишан);
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за спроведување повеќе задачи истовремено;
  • Силни интерперсонални вештини и подготвеност за преземање на повеќе рутински задачи.