Визија на здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко – Логик:- Заштита и унапредување на животната средина- Подигнување на еколошката свест, и екологијата како наука- Придржување кон концептот на одржлив развој
– Јакнење на функционално општество
– Интерактивно општество
Мисија на здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко – Логик:
– невладина, непрофитна и непартиска организација посветена на заштитата и унапредувањето на животната средина, промовирање на современи еколошки практики, како и следење и промовирање на принципот на одржливост во урбани и рурални средини. Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко – Логик поттикнува и поддржува позитивни промени врз животната средина, како и секаков вид на нејзино унапредување и заштита.
Основни цели и задачи на здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко – Логик се:
– Промовирање на екологијата како наука;
– Промовирање на концептот за почисто производство;
– Заштита и унапредување на животната средина и природата;
– Ширење на еколошките знаења и унапредување на еколошкото образование;
– Промовирање на принципот за одржлив развој во урбани и рурални средини;
– Отворање на нови “зелени” работни места;
– Можност за обука на сите заинтересирани граѓани проекти од областа на екологијата и заштитата на животната средина;
Целите и задачите на здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко – Логик се остваруваат преку реализирање на следните активности:
– Промовирање и водење на научни или апликативни проекти од областа на екологијата и заштитата на животната средина;
– Изготвување на стручни и научни студии за оценка на природните вредности и оценка на влијанието врз животната средина од реализација на определени проекти како и оценка на влијанието на определени стратегии, планови и програми;
– Давање стручна помош на владините органи и јавните установи за различни проблеми што произлегуваат од начинот на користењето на ресурсите на животната средина и социо-економскиот развој;
– Покренување активности за решавање на актуелни еколошки проблеми;
– Изготвување или учество во изготвување на стратегии за одржливо користење на природните ресурси;
– Помагање во унапредување на настава од разни еколошки дисциплини во сите степени на образование;
– Едукација на населението за дејство на загадувачи и степенот на ризик од присуството на истите во животната средина;
– Издавање на научни, стручни и популарни изданија;
– Организирање на научни и стручни собири, дебати, конференции и конгреси;
– Одржување и спроведување на обуки од областа на екологијата и заштитата на животната средина;
– Развивање и одржување на врски со сродни друштва и сојузи во земјата и странство, како и членување во меѓународни сојузи, во согласност со позитивните закони и прописи во земјата;
|