Финансиски извештај на МРР на СМ за 2021 година

Линк до финансиски извештај за 2021 година

 

Објавен извештај од патувачката работилница „Зајакнување на чинителите во руралниот развој во Западен Балкан“

http://ec.europa.eu/agriculture/enlargement/publications/western-balkans-report-2014_en.pdf

На горенаведениот линк можете да го прочитате деталниот извештај од патувачката работилница организирана во трите земји од Западен Балкан – Република Македонија, Црна Гора и Србија, која беше проследена со еднодневна национална конференција и завршна конференција којашто се одржа во Брисел. Сите заклучоци и идентификувани можности и предизвици во секоја од овие три земји, беа сумирани во извештајот од страна на проф. Мајкл Дауер, професор за рурален развој на Европа на Универзитетот во Глостершир, Англија и поранешен кооринатор на ПРЕПАРЕ партнерството за рурална Европа.

Настанот, кој се одржа во периодот од 31 март до 2 април 2014 год, беше заеднички инициран од Постојаната работна група за рурален развој во Југоисточна Европа и ПРЕПАРЕ партнерството на рурална Европа, со поддршка од TAIEX (Инструмент за техничка поддршка и размена на информации) и мрежите за рурален развој на Република Македонија, Србија и Црна Гора.

Report_Empowering rural stakeholders in the Western Balkans_MK