Политика за приватност 1

Целта на оваа политика за приватност е да Ве информира во однос на личните податоци кои Мрежа за рурален развој на Северна Македонија (во натамошниот текст „контролорот“) ги обработува за вас. Врз основа на Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст „законот“) при собирање на Вашите лични податоци, ние дејствуваме како контролор и за обработката на истите сме должни да ве информираме. Обработката на вашите лични податоци претставува многу сериозна активност за нас и ги преземаме сите неопходни технички и организациски мерки за заштита на обработката на вашите лични податоци. Воедно, при обработка на Вашите лични податоци секогаш се водиме од начелата поврзани со обработката на личните податоци, предвидени во законот.

Оваа политика се однесува на сите категории на субјекти на личните податоци, чии податоци ги обработуваме во согласност со закон.

Кои сме ние?

Контролор:
Назив: Мрежа за рурален развој на Северна Македонија
Адреса: ул. „Коста Веселинов” бр.3a, 1000 Скопје
Контакт мејл адреса: info@ruralnet.mk

Категории на субјекти на личните податоци

Ние како контролор за исполнување на нашите законски обврски, договорни обврски, за нормално функционирање на организацијата, исполнување на целите на проектот, како и во согласност со природата на работењето на организацијата, ги обработуваме личните податоци на следниве категории на субјекти на личните податоци:

  • Посетители на веб страницата – податоци за навигација, односно неопходни колачиња за нормално функционирање на веб страницата. Видете повеќе во политика за колачиња,
  • Вработени – податоците се обработуваат врз основа на законот за евиденции од областа на трудот, законот за работните односи, како и другите закони кои ја уредуваат оваа област,
  • Кандидати за вработување – податоците се обработуваат за исполнување на договорни обврски односно вработување на соодветниот кандидат,
  • Учесници на обуки – податоците се обработуваат врз основа на вашата согласност за учество на обуки организирани од проектот,
  • Лични податоци на ангажирани лица (консултанти и надворешни соработници) – податоците се обработуваат за исполнување на договорни обврски кои произлегуваат од склучен договор со ангажираните лица.

Како ги собираме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци кои ги обработуваме односно собираме за вас како посетители на нашата веб страна, за време на вашата посета во нашата веб страна се податоци за навигација односно неопходни колачиња за нормално функционирање на нашата веб страница (повеќе информации во политиката за колачиња).

Исто така, веб страницата ја користиме и за информирање на јавноста со соопштенија, активности, објавување на податоци кои сме обврзани да ги објавиме за организацијата, како и податоци за контакт (адреса на организацијата, телефонски број, мејл адреса и информации за координаторот за заштита на личните податоци).

Посетители на нашата веб страница

При посетата на нашата интернет страна, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса.
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел.
  • Вашиот оперативен систем.
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија.
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна.
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете нашата веб страна.
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите.
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Повеќе информации во политика за колачиња.

Политикa за колачиња (Cookie Policy)

На нашата веб страница www.ruralnet.mk, ја почитуваме приватноста на корисниците и обезбедуваме заштита на личните податоци кои се собираат од корисниците кои ја посетуваат страницата додека организацијата има улога на контролор на личните податоци во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Нашата веб страница користи само неопходни колачиња, кои ни овозможуваат да ви обезбедиме нормално функционирање на веб страницата.
Оваа политика за колачиња (“Cookie Policy”) ги опишува видовите колачиња што ги користиме на веб страницата и целите за нивна обработка.
Внимателно прочитајте ја оваа политика за колачиња за сите детали околу користење на колачињата и информациите што ги собираме за вас и од вас. 

Кои колачиња ги користиме и зошто?

Генерално, веб страницата користи колачиња за да ве разликува вас од други корисници на веб страницата. Ова пред сè ни помага да ви овозможиме добро искуство кога ја пребарувате веб страницата и секако ни овозможува да ја подобриме функционалноста на истата. Колачињата исто така се користат, и со цел да се олесни функционирањето на веб страницата или да се запомнат вашите активности и преференции, да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и за да се прикаже нејзината навигациска историја. Организацијата од својата веб страница собира само неопходни колачиња, кои се врзани за нормалното функционирање на страницата.

Неопходни колачиња ви овозможуваат да се движите низ веб страницата и да користите основни карактеристики на страницата. Без овие колачиња, не можеме да ги обезбедиме бараните услуги.

Контактирајте нè

За било какви прашања слободно можете да нè контактирате на: info@ruralnet.mk.