Кратко резиме на организацијата(визија, мисија, цели и активности) |
- Здружението е формирано на 02.11.2005 година и во него членуваат 35 фармери производители на органски производи како што се орев, костен, мед и други пчелни производи, грав, овчо сирење и др.
- Визијата на ова здружение е да го развива органското земјоделство и сточарства, а со главна цел здрава храна за поголема заштита на здравјето на луѓето, зголемена заштита на животната средина и поголем извоз на органски производи за европскиот пазар.
- Активностите на органското производство се одвиваат во руралните средини бидејќи и органското производство значи селско производство на традиционален начин без употреба на хемиски средства за заштита и минерално ѓубриво за прихранување на почвата.
|