Кратко резиме на организацијата(визија, мисија, цели и активности) |
- Следење на еколошката состојба на потесното и поширокото подрачје на општина Пехчево, како и состојбите во пониските региони кои имаат влијание врз еколошките состојби во општината;
- Покренување на активности кои придонесуваат кон унапредување и заштита на животната средина;
- Доставување и изготвување предлози, мислења, сугестии до надлежните органи и организации со цел за поефикасна заштита на животната средина;
- Покренување расправи и вклучување во разни истражувања;
- Изготвување и предлагање на решенија по актуелни проблеми со цел за разрешување на еколошките проблеми и состојби;
- Покренување иницијативи и предлози за именување и дополнување на одредени закони и други акти од областа на екологијата со цел заштитата на животната средина да добие поголеми вредности;
- Превземање активности и иницијативи за редовно следење на загаденоста на воздухот, водата и почвата, мерење на вревата од страна на надлежните институции со цел елиминирање на негативните состојби, како и превземање активности за разрешување на одредени состојби од овој домен;
- Залагање за истражување и примена на алтернативни технологии и енергија;
- Залагање за рационално трошење на необновливи извори на суровини, енергија и други потрошни добра;
- Залагање за интегрален еколошки развој на градот Пехчево и неговата околина како нераскинливи делови на заедничко живеење во согласност со современите светски барања и стандарди;
- Соработка со граѓаните и организациите од локално, државно до меѓународно ниво заради заштита и унапредување на состојбите на сите чинители на квалитетен живот;
- Соработка со други сродни друштва, организации и асоцијации, институции во градот и Републиката како и надвор од неа.
|