Назив на организацијата Здружение за алтернативен туризам

 

„ Малешевска Алтернатива“

Адреса Ул. Јуриј Гагарин бр.30.2330.Берово

 

Р. Македонија

Одговорно лице Ковачовски Јован
Тел.  
Мобилен тел. 071 680 910
e-mail на организацијата info@alternativa.org.mk
Web страна на организацијата www.alternativa .org.mk
Број на членови на организацијата 11
Кратко резиме на организацијата(визија, мисија, цели и активности) Здружението за Алтернативен туризам Малешевска Алтернатива е основано со идеја и улога да отвора вистински простор за делотворно учество на граѓаните во решавањето на различните општествени, професионални, семејни и индивидуални проблеми. Малешевска Алтернатива е здружение на граѓани формирано заради развој и промоција на Алтернативниот туризам не само во Малешевскиот регион туку и во целата наша земја.

 

Здружението ќе делува за:

  • Изнаоѓање можности, потенцијали, превземање мерки за развој, унапредување на селскиот – руралниот туризам како дел од Алтернативниот туризам;
  • Развој и едукација на населението од руралните области;
  • Предлагање на нови и организирање на постоечките туристички аранжмани;
  • Промовирање на туристички недоволно искористени дестинации, локалитети и содржини;
  • Треба да се посвети внимание на одбрани места и нивна посета поради добивање повеќе информации и за истите да се дава специфичен дестинациски маркетинг;
  • Организирање тури за новинари како би имало маркетиншко покривање и известување;
  • Тури за природен, културно – историски, пешачки туризам;
  • Креирање и поддршка на нови туристички манифестации;
  • Помагање на изработка на водичи со карта на Р. Македонија на странски јазици и нивно дистрибуирање во странство;
  • Развој на различни форми на Алтернативен туризам како приоритет; рурален, археолошки, манастирски, планински, ловен, спа – туризам, спортски, авантуристички;
  • Брендирање на националната кујна;
  • Организирање на регионални натпревари во гастрономија, производи од слива, рибизла, компир и други производи како безалкохолни и алкохолни производи познати за нашето поднебје;
  • Организирање семинари, трибини, работилници за рурален – алтернативен туризам, работни групи;

Главна цел е поттикнување и синхронизирано организирање на постојан ( одржлив ) развој на руралните средини, со што ќе придонесе Алтернативниот туризам од запоставена стопанска гранка, полека но сигурно да го заземе местото на економски приоритет и промоција на земјата и нашето културно наследство во светот.