www.predaplus.eu

Назив на организацијата Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА Плус
Адреса Александар Македонски 32А

 

7500 Прилеп

Одговорно лице Маријана Милевска
Тел. 048 401581
Мобилен тел. 075 444345
e-mail на организацијата info@predaplus.eu
web страна www.predaplus.eu
Број на членови на организацијата 9
Кратко резиме на организацијата(визија, мисија, цели и активности) ПРЕДА Плус има за цел да стане главен центар на разни ресурси за донаторски организации, агенции за ко-финансирање, национални, регионални и локални владини организации, приватен сектор, организации, универзитети и високо образование, институти, невладини организации и консултантски фирми од регионот со следната визија:

 

Промовирање на одржлив економски развој и социјален просперитет преку фасилитација на јавни, приватни и граѓански иницијативи на локално / регионално ниво на Балканот.

Главната причина за создавањето на ПРЕДА Плус е продолжување на услужните капацитети кои претходно беа развиени за деловната заедница од една страна и за општини и донаторски организации од друга страна. Вториот аспект е поврзан со процесот на пристапување кон ЕУ кој е во тек на Балканот и на идејата за создавање на центар за ресурси достапни до сите релевантни чинители.

Иако нејзините достигнивања се значителни, ПРЕДА Плус продолжува да ги изградува и модернизира своите капацитети со јасна среднорочна и долгорочна стратегија.

ПРЕДА Плус има за цел да стане главен центар за мобилизација на разни ресурси за широк спектар на организации на Балканот.

ПРЕДА Плус ги спроведува своите услуги на широк круг на клиенти. Тие вклучуваат донаторски организации, агенции за ко-финансирање, национални, регионални и локални владини организации, организации од приватен сектор, универзитети и институти за високо образование, невладини организации и консултантски фирми од регионот.

Нашите услуги се дизајнирани за специфичните потреби на нашите клиенти.

ПРЕДА ПЛУС вработува персонал од 6 члена и дополнително според потребата на одредени повици вклучува експерти од својата база на соработници и консултанти.

Принципите инкорпорирани во сите наши услуги ги покриваат основните принципи како што се важноста и ентузијазмот да се научи и да се споделат идеи со другите, можноста да се рационализираат тешките проблеми и фактот дека искуство и мудрост постојат во мрежите, организациите и индивидуите.

Нашите цели ги постигнуваме со поврзување на нашето професионално знаење и искуство со она на нашите клиенти.

ПРЕДА ПЛУС е во процес на имплементација на Системот за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008.

ПРЕДА Плус функционира и делува во следниве области:

Добро владеење преку стратешко планирање (почитувајќи ги принципите на транспарентност и партиципативност)

  • Локални акциски планови
  • Документи за стратешко планирање
  • Стратешки планови за регионален развој
  • Анализа за планирање на сектори
  • Анализа на вредносни синџири

Менаџмент на проекти и грантови

  • Дизајн на проекти
  • Кампањи за прибирање на фондови
  • Имплементација на проекти
  • Мониторинг и евалуација
  • Outcome communication and replication
  • Проекти за преку-гранична соработка, транснационална соработка, ИПА проекти

Развој на бизнис секторот

  • Анализа на сектори, анализа на вредноски синџири и интервенции
  • Развој на претприемништвото
  • Услуги за развој на бизнис: образование, пристап до информации, надградување на професионалци кои поддржуваат бизниси (сметководители, правници за деловно право), деловни планови
  • Пристап до финансии
  • Услуги за поддршка на бизниси
  • Истражување и теренска работа (проценки, анкети, студии)

Организациски развој

  • Техничка поддршка и институционален/организациски развој
  • Стандарди за квалитет и подобрување на продуктивноста
  • Промоција на информатичката технологија
  • Промоција на модерни административни/финансиски процедури
  • Создавање на база на податоци и управување со податоци
  • Промоција на процедури базирани на принципи на партиципација, транспарентност и
  • Имплементација на политиките за родова еднаквост

Социо-економски развој

  • Локален економски развој
  • Регионален развој (единствени специјално изработени методологии за подготовка на
  • Стратешки развојни програми, мапирање на засегнати страни, секторски анализи и
  • интервенции, кои се пожале како добри во имплементираниот контекст)
  • Фасилитација на меѓу-општинска соработка
  • Инфраструктура
  • Рурален развој (ЛИДЕР пристап)
  • Социо-економски дијалог
  • Социјална кохезиja