Назив на организацијата ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИ ВИЗИЈА КАВАДАРЦИ
Адреса УЛ.КРСТЕ МИСИРКОВ БР.55, 1430 КАВАДАРЦИ
Одговорно лице иточен назив на функција ЈОАНА КОЦЕВА ,ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Телефон 043/520-865
Мобилен телефон 071/259-070
e-mail на организацијата ozvizijakavadarci@yahoo.com
Web страна на организацијата  
Број на лица кои активно работат во/за организацијата 7
Кратко резиме на организацијата (визија, мисија, цели и активности) ОЖ ВИЗИЈА КАВАДАРЦИ,Организација на жени “Визија” Кавадарци е невлаина организација,непрофитабилна организација. Во неа може да членува секоја жена без разлика на нејзината верска и национална припадност.

 

Основана е од 1991 год. веднаш со отпочнувањето на транзицијата во земјата.

Наши основни цели во работењето се многубрајни но пред се:

Хуманоста (пружење помош на болните,хендикепираните, старите и изнемоштени лица)

– Еманципација на жената во смисла на завземање на нејзиното право место во општественото живеење, нејзиното учество во раководните и одлучувачки функции

– жената и претприемаштвото

– Подигање на свеста кај жената од руралните средини и нивна ориентација за производство на еколошки здрава храна.

– Политичко јакнење на жената

– Борба против наслството на жената

– Борба против трговијата со луѓе

– Борба против девијантните појави кај младите (алкохол и дрога)

– Грижа за здравјето на жената итн.

Тоа беа нашите цели и задачи и многу од нив ги работевме волонтерски.

Освен волонтерското работење, работевме и на реализација на следните проекти :

1. Ран детски развој проект од УНИЦЕФ кој траеше 4 год. Од 1999-2003год.

2. Проект за еднакви можности на жената, со цел поголемо вклучување на жената во политиката и одлучувачките функции.

3. Болница пријателка на бебињата.

4. Бесплатна правна помош за жени жртви на семејно насилство.

5. Трговија со луѓе.

Жените и економијата

– помош и учество за зголемување на пристапот на жените при производство на здрава храна и помош на младите домаќинки во приготвување на храна.

– Манифестација “Знаење и вештини”

– Од областа на економијата одржана трибина за кредитирање на семејните бизниси

– Формирање на клуб на жени од бизнисот

– Изработка на елаборате за малии бизниси.

Соработки

а) Во границите на државата

– Соработка со СОЖМ И сите членки на СОЖМ

– Соработка со други НВО како на Општинско и Републичко ниво

б) Меѓународна соработка

– Учество на нашата организација на меѓународната конференција во Виена во октомври во 1994 год.

– Учество на нашата организација на одржаниот конгрес во Букурешт во месец мај 1999 год. на така наречената КАРАТ коалиција на женски оргаанизации од земји д централна И источна Европа.

– Учество на нашата организација на Европскиот совет за заштита на женските права-месец март 2000 год.

– Учество на нашата организација зема учество на конференцијата

“Пекинг 5” , одржана во Њујорк 01-09.06.2000

Постојат тенденции за проШирување на вакви соработки И во наедниот период.Во секој изборен период редовно учествуваме во кампањата за политичкото јакнење на жната.Активностите на ОЖ Визија Кавадарци, не се сведуваат само на предходното кажано, ами напротив секогаш делуваме во зависност од актуелните настани во нашата локална средина И го даваме нашиот придонес соодветно според наштите компетенции.